Интернет партија на Македонија
Само Интернетот може да биде решението на многуте политички проблеми, вели Звонко Тодороски, основачот на Интернет партија на Македонија.
Интервјуа со ИТ професионалци, основачи, инженери, креатори и лидери од технолошката заедница. Прочитајте искуства, кариерни лекции и приказни од IT.mk.
Само Интернетот може да биде решението на многуте политички проблеми, вели Звонко Тодороски, основачот на Интернет партија на Македонија.
За некои модерен, за други прагматичен, професорот по хумана генетика на Филозофскиот факултет, Владимир Трајковски ги користи дигиталните друштвени медиуми за да комуницира со студентите и да споделува информации за студиите и истражувања преку својот блог и преку својот Facebook профил.
Покрај победниците и сите македонски апликации од Vip Android предизвикот, вниманието го привлече и Ристо Мучев добитник на 13 HTC Tattoo телефони. По еден телефон за одобрена апликација беа правилата нa VIP. Дупка во правилата или добра воља, сеедно, г. Мучев ги доби телефоните. Тој задржа еден за себе, дел подели на најблиските, а дел подари на студентите на ФЕИТ бидејќи таму го запознал Android.
Spot Me е второнаградената аппликација на Vip Android предизвикот. Spot Me ја користи GPS и локацијата за да понуди избор на најблиски кафулиња, театри, настани... За местата може да се оставаат коментари, да се рангираат и доколку имаат телефонски број да се изврши повик до самото место директно од апликацијата.
ПоправиМК е веб сервис и мобилна Android апликација која го освои првото место на Vip Android предизвикот. ПоправиМК e сервис кој им овозможува на корисниците да пријават проблем на јавните простори, со слика при тоа означувајќи ја локацијата на мапа. Aпликацијата е креирана од софтверскиот инжинер Далибор Насевиќ и веб и графички дизајнер Диме Пашоски.
Пролета 2006 година, Јане Ѓорѓиоски го креираше Рибаро, лик кој што имаше што да каже. Во јули 2008 го објави својот прв видео пост „Свиркај“. Денес Рибаро, гротескен лик со кловновско црвено топче наместо нос, е единствениот македонски видео блогер кој продолжува да импресионира и револтира. Денес од само политички монолози Рибаро навлегува во артистичките води, обидувајќи се со аматерска продукција да импровизира и креира анимации кои „ја истакнуваат апсурдноста“.
Нa D8 конференцијата AllThingsDigital направи интервју со шефот на Apple, Стив Џобс. Разговорот се водеше за се и сешто, за односот со Adobe и Flash, за станување втораа најбогата компанија проаѓајќи го Microsoft, за iPad-oт при што г-дин. Џобс откри дека првичната замисла била да се направи таблет уред, но функционалноста овозможила да се роди iPhone-от, се зборуваше и за Gizmodo и украдениот 4G iPhone...
Наместо да предаваме во училница и да трошиме и печатиме книги би можеле да правиме и HD едукација, значи да направиме телевизиска едукација на голем број корисници, повеќе отколку што собира едно училиште. Вака размислува 9-годишниот Марко Чаласан кој неодамна стана најмладиот Мicrosoft систем администратор во светот.
Lamborghini Madura на Славче Таневски може да стане дизајнoт за првиот хибриден Lamborgini кој е најавен во 2016 година. Славче е студент по транспортен дизајн на Факултетот за дизајн во Минхен, Германија. Првиот проект кој го работел таму бил спонзориран од Lamborghini. За проектот студентите имале задача да дизајнираат суперавтомобил кој ќе вози 300 километри […]
Е-uciliste.com е модерно решение за подобро образование, проект на Влатко Бутлески, наставник по стручни предмети во во средното електро-машинско училиште „Ристе Ристески – Ричко“ во Прилеп. Со помош на своите поранешни и сегашни ученици, г-дин. Бутлески одржува веб сајт на кој учениците можат да најдат наставни материјали, туторијали, разни помошни информации и да решаваат тестови […]
Во Македонија, во споредба со соседните земји, забележуваме натпросечно знаење за ИТ индустријата, вели Стефан Плавјански, менаџер за продажба на HP за Македонија и Косово. „Но трошењето за ИТ по глава на жител е сѐ уште далеку од нивоата во ЕУ, па дури и од оние на земјите кои неодамна се приклучија кон ЕУ. Ова […]
“Индустриски Дизајн, македонски талент wooooow!!!“, ова е наслов на темата отворена на форумот на IТ.com.mk откако некои наши членови ја забележаа галеријата на Aпостол Тноковски на Deviant Art, друштвена мрежа за фотографија и графички дизајн. Aпостол Тноковски има 26 години и моментално ги привршува студиите по графички дизајн на факултетот за Арт и дизајн на […]
Сајбер-војна или обично препукување? На почетокот на овој месец се појавија два инциденти кои вклучуваат хакерски упади и претседателски сајтови. Прво беше хакнат сајтот на македонскиот претседател Бранко Црвенковски oд хакерската група Kosova Hackers Group (KHG). Taa вест се појави на националните медиуми со извичник на крај на насловот. Извичникот значи нешто сериозно, како на пример, упад на претседателски сајт, сајт на највлијателниот човек во една земја. Евентуално пораката на KHG оставена на сајтот на македонскиот претседател беше тргната. Но проблемот со безбедноста на важни сајтови застана тукa.
„Треба да се има план. Размислете како вие би направиле нешто поразлично“ вака Благица Ботиљеро ги советува сите заинтересирани да се втурнат во светот на маркетинг и консалтинг. Благица Ботиљеро има 12 годишно искуство во онлајн маркетинг и дигитални медиуми, крунисано со Еми награда во 2008 за “Извонреден напредок за интерактивност на новите/алтернативни медиуми” за […]
„Do it! Linux не е страшен. Ако сакате да бидете професионалци, тогаш ви е потребно разновидно знаење“ ова на сите корисници заинтересирани за Linux им го порачува Александар „Gemidjy“ Балаловски, основачот на Лугола – корисничката група за GNU/Linux која на 14 Март, минатата недела, прослави 5 години од постоењето. Разговаравме со Александар за идеологијата зад […]
Тимот ENTITY на регионалниот турнир во Counter Strike KODE5 во Србија го освоија првото место, со што се квалификуваа за големото финале на ова натпреварување кое ќе се одржи во Моска на 9-10 Мај. Следи интервјуто со тимот на ENTITY, или Александар Киселинов (helius), Јован Каланоски (KaLaN), Ангел Грозданоски (eRRor), Ѓоко Лабоски (aIm1ghty) и Алтај […]
Игор Трајковски е доцент по компјутерски науки на Њујорк универзитетот во Скопје. Во неговото професионално искуство исто така може да се пронајде и работење во Google и тоа во седиштето на компанијата во Калифорнија, но и во центарот во Швајцарија. Тој има докторат по компјутерски науки здобиен на Јожеф Стефан институтот во Љубљана и активни […]
Во продолжение следи интервју со сегашниот извршен директор на Вип, Никола Љушев, чие работно искуство исто така вклучува позиции како главен технички офицер во Космофон и одговорен менаџер на одделот за продажба во Македонски Телеком. Калина Зографска разговара со г-динот Љушев на разни теми концентрирајќи се на корпоративно владеење, оддржување на клиенти, промовирање, инволвираноста на […]
Драган Варагиќ е сопственик на консалтинг агенцијата P2 Internet и се бави со советодавни услуги од областа на e-бизнис, интернет маркетинг и онлајн ПР. Сопственик е на веб сајтот Pretraga.co.yu како и на најстариот е-маил магазин во Србија, “Pretraga i prezentovanje“. Тој е исто така координатор на постдипломски студии за е-бизнис на ФТН во Нови […]
Д-р Вања Јосифовски е главен истражувач на интернет компанија Yahoo! во областите на e-рекламирање, собирање на информации, пребарување и бази на податоци. Информатичките почетоци му биле во времето на Commodore 64 и Sinclair ZX Spectrum компјутерите, кога тогаш незаинтересираниот Вања бил предизвикан од неговиот татко да создаде компјутерски програм за хемиски соединенија по што ја […]