Интервју со Благица Ботиљеро

Avatar img-thumbnail img-circle

во Интервјуа

„Треба да се има план. Размислете како вие би направиле нешто поразлично“ вака Благица Ботиљеро ги советува сите заинтересирани да се втурнат во светот на маркетинг и консалтинг. Благица Ботиљеро има 12 годишно искуство во онлајн маркетинг и дигитални медиуми, крунисано со Еми награда во 2008 за “Извонреден напредок за интерактивност на новите/алтернативни медиуми” за својата работа со NBC5 Street Team.

Нејзиното искуство доаѓа од компании како Giant Step (сега ARC Worldwide), Orbitz.com каде менаџирала маркетинг кампањи вредни милиони долари, работела за Qinteractive.com. Од 2005 до сега работи на свои проекти Bsolutions, Galsguide и Condoperks. А неодамна се приклучи на Еdelman.com како специјалист за друштвени мрежи.

Интересно Благица зборува слабо македонски, но прво што може да се забележи од нејзиниот блог е дека е горда на своето име. На својот блог таа наведува како се чита името (blah-gee-tsa) и дека значи „слатко“. Искористувајќи ги македонските врски како повод, разговаравме со Благица за онлајн маркетингот.

1. Читајќи го твоето професионално резиме на блогот, гледам дека уште од самиот почеток на твојата професионална кариера си инволвирана со дигиталните медиуми и интерактивниот маркетинг… Што е тоа што те инспирираше да навлезеш во овој сегмент од индустријата и каде ја пронајде мотивацијата да останеш?
Благица: 1998 беше интересна година. Прифатив работа во една традиционална агенција во Њујорк, Ogilvy. Се припремав да се преселам, но во последниот момент, решив да останам во Чикаго и прифатив работа во дигитална консултантска агенција. Бев изненадена.

Уживав во идејата да работам во оваа индустрија заради можноста инстантно да се измерат и означат разните трендовите, информации и сл. Традиционалното рекламирање не овозможува такво брзо разбирање и проценка на твоите напори – еден ден откако ќе тестирате нов концепт.

2. Во свои зборови, како го дефинираш интерактивниот маркетинг? Дали реченицата “нешто што ќе го убие традиционалниот маркетинг” може да се најде во твоето објаснување?
Благица: Интерактивниот маркетинг секогаш ќе работи заеднички со традиционалниот маркетинг. Интерактивниот маркетинг е важен затоа што сé повеќе луѓе посетуваат разни онлајн сајтови и сервиси. На пример, порано имаше време кога три главни ТВ мрежи ги доминираа фреквенциите. Имаше само три главни можности за тоа каде маркетинг луѓето можат да одат. Денеска, постои мрежна и кабловска телевизија како и огромен број на веб сајтови.

Поминаа деновите кога луѓето ги посетуваа само нивните почетни Google и Yahoo! страници. Денеска, потрошувачите ги користат овие сајтови, но исто така се ориентираат и кон друштвените мрежи и сајтови за посебна намена – добивајќи ги вестите и информациите на начини на кои тие преферираат. Интерактивното и традиционалното ќе продолжи да работи заедно за да поврзе што поголем број на луѓе – во што поголем број на места.

3. Ти беше дел од NBC5 Street тимот кој доби Еми награда за “Извонреден напредок за интерактивност на новите/алтернативни медиуми” за покривање на ноќниот фестивал Lootopia во Чикаго користејќи блогови, Twitter, Skype, пренос на видео во живо преку веб… Како започна оваа идеја и како се разви?
Благица: Идејата дојде од веб менаџерот на NBC во Чикаго, Маркус Рајли. Тој го праша тимот дали би сакале да го покриваме настанот и јас ја искористив шансата. Присуствував на настани и закачував слики и содржини во реално-време. Беше навистина неверојатно.

4. Какво е чувството да добиеш Еми награда за твојата работа? Дали е тоа еден вид огромна мотивациска инекција?
Благица: Добивање на Еми за нешто во што јас уживам е навистина прекрасно. Кога првпат слушнавме за успехот, бев навистина емоционална. Првото нешто што го направив беше да им се јавам на моите родители. Иако живееме во различни држави, секогаш ги држам известена за моите успеси и прославуваме заедно секогаш кога можеме.

Благица Ботиљеро

5. После одреден период работење за други компании, ти започна своја компанија, Bsolutions, и започна да пливаш сама во бизнис водите нудејќи воглавно интернет консултантски услуги. Какво беше ова искуство, да бидеш сам свој шеф?
Благица: Кога работиш сам за себе тоа значи дека имаш доста слобода, но исто така значи и дека има огромен притисок. Плаќање на даноци, воспоставување на рутини и распоред и добивање на нови клиенти не е воопшто лесно како што звучи. Од другата страна пак, кога имаш свој бизнис, мислам дека тоа е идеалната кариера. Ти си комплетно одговорен за правецот на твојата патека, кои се клиентите и што е тоа што сакаш да го научиш.

Во Јануари се вратив целосно на работа, откако пронајдов место каде што вистински уживам и каде што ми се ценат талентите. Ми недостасуваше да работам во корпоративна средина, интерактивноста со колегите како и дискутирањето и разгледувањето на нови можности и идеи. Еден ден, повторно се гледам себе си како работам во своја компанија, но не во блиска иднина.

6. Некој корисен совет за луѓето кои сакаат да започнат свој бизнис или пак да навлезат во интернет консалтингот?
Благица: Да – нека имаат план. Доколку сакате да одите во консалтингот, имајте во предвид неколку перспективи. Исто така, запрашајте се која е вашата област? Што е тоа што ќе го раздели вашиот бизнис од другите? Гледам огромен број на луѓе кои ги напуштаат своите работни места и очекуваат да постанат консултанти. Во денешно време, постојат голем број на консултанти за друштвени мрежи и дигитални медиуми. Запрашајте се што е тоа што ќе ве направи различни…

7. Ти си доста активна на Twitter – @blagica. Што мислиш за овој сервис за кој многумина се обидуваат да сфатат што всушност претставува и зошто е постојано во медиумите?
Благица: Twitter е постојано во медиумите затоа што “ѕвездите” конечно ја разбраа моќта во комуницирање со голем број на луѓе во исто време. За жал, многу популарни актери и политичари не се впуштаат во двонасочен дијалог – што всушност е причината зошто Twitter е толку моќен. Многу ТВ новинари сега велат “Следете не на Twitter”, што веднаш буди интерест кај типичниот гледаш што е тоа Twitter и дали треба да го користи.

8. Едно прашање поврзано со интерактивниот маркетинг или друштвените медиуми што требаше да ти го поставам? Пропратено со одоговорот. :)
Благица: Прашање: Што се тоа друштвени медиуми?

Одговор: Јас би образложила дека сите медиуми се друштвени и дека работите се повеќе поврзани со социјалниот веб. Луѓето групно смислуваат и реализираат идеи, добиваат рецензии за производи од други луѓе кои се слични на нив и очекуваат повеќе од врската со поголемите компании.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
6 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments
Dino Mccool
13 years ago

I’d have to grant with you on this. Which is not something I usually do! I enjoy reading a post that will make people think. Also, thanks for allowing me to speak my mind!

John1250
13 years ago

Very nice site! is it yours too

xmhhcp
13 years ago

tLivVb dnjnaxauidej, [url=http://lnrrzypuwulw.com/]lnrrzypuwulw[/url], [link=http://gjznmekfiavt.com/]gjznmekfiavt[/link], http://xsonkazxokxf.com/

Peassagozerse
14 years ago
Irrargereah
14 years ago

Ciledeagils
adipex without a prescription
Irrargereah
buy ambien cr
CetlyBelmkime
dangers of wellbutrin and lorazepam
eradsisee

види ги сите огласи на kariera.it.mk