Интервју со Рибаро за видео блогот и блогосферата

во Интервјуа, ИТ.МК

Подолу е интервју со Јане, кој ни зборува за видео формата, нејзиниот потенцијал како форма за изразување и за македонската блогосфера.

„Ми требаше повеќе простор, ми требаа бои, ми недостасуваше емоција и визуелен контакт. Блог постот тоа не го даваше, а видеото требаше да го откривам.“

Делата на Рибаро ќе го најдете на ribaro.mk, на неговиот YouTube канал, а од неодамна се појавува и на Okno.mk. Јане Ѓеоргиески ќе го најдете на @ribaro.

Зошто ја одбра видео формата за изразување, видео блог наместо стандарден блог? Дали тогаш мислеше дека луѓето повеќе ќе гледаат одошто да читаат?

Не знам дали јас ја одбрав видео формата, или таа ме одбра мене :) Тоа дојде некако апансас, или ампасан-апансас како што милува да парафразира Гиш. Едноставно, се наметна како потреба за да дообличи нешто што знаците повеќе не го трпеа, или не беа способни да го издржат до крај. Ми требаше повеќе простор, ми требаа бои, ми недостасуваше емоција и визуелен контакт. Блог постот тоа не го даваше, а видеото требаше да го откривам. Значи се отвораше можност за експеримент за кој немав опитни информации од блиската околина. Предизвик? Да, тоа е вистинскиот мотив!

Не размислував тогаш дали на публиката ќе и се допадне повеќе видеото или пишаниот збор. Едноставно, овде бев решен да се обидам, немав што да изгубам, па што и да е.

Зошто одбра алијас, дали Рибаро на веб е различен од Јане Ѓорѓиоски? Какви се реакциите на луѓето кога ќе го сретнат Рибаро?

Седнувам да пишувам пост, правам видео и јас сум Рибаро. Рибаро си има маски, трансформации, како Фишер Рибарски, па Рибаро Релоудид, па Кловнот, а сепак е заебан – тотално е зависен од тастатурата и маусот кои се во рацете на Јане. Првиот продава пуфки по влогови, вториот мора да живее со заканите на недоветните коментатори и исфилтрирани апаратчичи и мејл снагатори. Но, коегзистираат. Мора да се признае дека Рибаро е воздржан, воспитан – убав на мајка, а Јане е импулсивен и понекогаш тука има конфликт, кој го решија со потпишување на Рамковен договор на четврти спрат во Ѓогдере.

Реакциите кога ќе ме сретнат обожавателите се нормални. Прво сечат вени, кубат коси, па фрлање на долна облека, која потоа ја споделуваме на Twitter, Facebook, YouTube, RedTube… се разбира запечатено со бакнеж и со по некој нус полупроизвод. Мора да признаам дека добро се носам со славата засега, а за тоа им сум благодарен на моите ПР агенти од Агенцијата Мижитатара, кои одлично си ја вршат работат и ја користам приликава да ги поздравам. Ви благодарам на прашањето!

Дали во Македонија е потребно да се скриеш зад измислени карактери за да говориш слободно? Видовме дека слично нешто им успеа на Еднооки. Дали македонците повеќе им веруваат на измислените карактери одошто на правите луѓе?

Не. Погледни го Латас. Возможен ли е по слободен израз отколку неговиот? Човекот сè живо по список на цели категории граѓани, маргинализирани групи им свирка и не само мува што не го лази, туку и добива награди за хуманитарни заслуги од наши здруженија. Значи, во Македонија не е потребно да се скриеш позади аватар, но ако си Латас! Еднооки се фабрика, висока продукција за наши стандарди. Но, Еднооки се додворуваат на публиката. Одлично слушаат што бриу масата, што пали, која финта е актуелна и опнуваат евтин популизам спакуван во обланда. А, на нашиот народ, од што сè им е скиселено си бара благичко и си кркаат обланда. Нека им/ни е наздравје! Народот е зомбифициран и му треба Алиса. Не онаа од Земјата на чудата, туку Alice ака. Мила Јововиќ од Resident Evil. Ако ме прашуваш каде се пронаоѓам? Не, не сум јас тој White Rabbit. Јас само се обидувам да ја ѕивнам за газ Мила Јововиќ.

Првиот „Свиркај“ видео пост на Рибаро

Рибаро од само монолози се префрли во анимирани артистичка форма на изразување? Дали природна еволуција на Рибаро е да прејде од блог пост со кратко видео во серијал?

Си играм. Прво беше монологот, па дојде анимацијата и веќе почнувам да го сликам моето Кабаре. Мојата цел со видеата беше и уште è, да го екранизирам мојот расказ Од Кабаре до Оз. А за изразот кој го користам, би направил една компарација. Што прават дадаистите? Тие ја нагласуваат апсурдноста, така што изложуваат банални предмети како уметнички дела. Јас се обидувам нешто слично, само што предмет ми се ликови чија апсурдност немам потреба да ја нагласувам. Кога ќе успеам да се оттргнам од дневните слики и ликов, тогаш ќе знам да одговорам. Сега, единствено импровизирам и уживам во тоа.

Се почесто гледаме live стримови/видео подкасти по веб сајтови. Дали видео блогот е иднината на изразувањето? Како гледаш на сервисите како YouTube, Ustream, Vimeo… и нивното видео влијание во светот?

Видео блогот е дефинитивно иднината, или поточно стримот, в-кастот, но кога тоа ќе биде зависи најмалку од влогерите, туку од техничката достапност на реквизитите кои го овозможуваат тоа. Ако се види вратоломоста на движење на мобилниот веб, Android и сл. не би се осудил да предвидам кога ќе се стори бумот. За Vimeo, Ustream и мал милион други видео хостинг сајтови нема да има зима се додека YouTube ги користи како извор на идеи и каде треба да се насочи. Кога YouTube ќе овозможи стрим во живо, другите ќе побараат да се интегрираат во тој ѕвер. За влијанието, доволно е да се погледнат кампањете на Обама, присутноста со свои YouTube канали на речиси сите светски агенции, милионските посети на влогери низ светот.

„Многу често блог постовите беа извор на дебата која потоа мејнстримот ја експлоатираше. Уствари тоа беше задоволството, актуелизирање на темите што прво се зачепкуваа на блог. Значи, не беше битен блогерот, туку блогот, блог постот и дебатата во коментари.“

Што со веб видеото во Македонија? Видео блогови, видео серијали, подкастови…

Нема! Ако не ги сметаме инцидентните видео колумни, миксови на поединци, навистина нема „сериозна’ и независна видео интерпретација на поединци во Македонија. Тука не го вбројувам влогот на Жаре од Еден на еден, зашто очигледно е дека зад него стои екипа која го реализира. Тешко е да се одржува влог, многу потешко од блог, но задоволството е не споредливо кога ќе успееш да скоцкаш еден видео материјал. Мене навистина ми е тешко да пливам и да се силам сам. Насушно ми требаат влогери во Македонија!

Ти твитна „и колку повеќе линкови собрав, анализирав, сортирав… толку помалку гледам смисла да пишувам за тоа, каде отиде македонската блогосфера“. Објасни го твојот твит.

Нема што да се прочита, за што да се фати човек (да линка), кога му е потребно да се повика на некое мислење, ја нема критичката маса на мислења, која знаеше определени настани да ги држи во кондиција и по седмици, месеци… Тоа е блогот, тоа е македонската блогосфера што ми недостасува, а не блог сервиси како што е Блогерајот. Многу блогери си прават алиби дека Блогерајот ги оставил како сираци на цедило, а од друга страна Трендо им ја приближи платформата до светскиот WordPress и е релативно стабилна за бесплатен блог сервис. И сега има една интересна ситуација. Како што, наводно, не се грижи Блогерајот за блогерите, така блогерите не се грижат за својот блог, што е апсурд. Фино е да се има чувство на припадност, но не за сметка на својата индивидуалност. Не би сакал да ги именувам блоговите на независните платформи кои го забаталија својот блог од различни причини, но интересно е што не се следи трендот, или пак премногу се тренди другите социјални мрежи. Многу е тешко да се одговори генерално на ова прашање.

Мислиш дека друштвените мрежи го поразија .мк блогот? Или блогот никогаш не стана позначаен медиум за изразување во Македонија?

Очигледно е дека Facebook е главниот филтер. Но, тој не ги зеде блогерите што активно постираа, туку публиката што киснеше по блогови, најмногу на Блогерај. Пасивните блогери-коментатори се филтрираа на Facebook, а потоа неминовно замре сцената. Овој филтер, за жал, покажа дека бројот на активни блогери е многу мал и, иако се мислеше дека е стотици или неколку илјади, испадна дека се неколку десетици, од кои повеќето се на независна платформа. Токму тие стотици мене ми недостасуваат за да ме држат во форма, за да ме смеат, да ме револтираат, да ме држат жив. Блогот има моќ. Ние се боревме со скептиците кои тврдеа дека блогот не е медиум, туку комуникациски канал а блогерите лепеза од ликови скриени позади прекари и никови и полемизираат безцелно и сл. Некои од нив (сами ќе се препознаат:), денес се активни блогери, многу поактивни од тие кои тогаш го браневме блогот како влијателен медиум. Многу често блог постовите беа извор на дебата која потоа мејнстримот ја експлоатираше. Уствари тоа беше задоволството, актуелизирање на темите што прво се зачепкуваа на блог. Значи, не беше битен блогерот, туку блогот, блог постот и дебатата во коментари.

Како би го изгурал на површина блогерското критичко мислење? Сепак блогерските идеи доаѓаат од поинаквата интернет страна на реалноста. Колумни на блогери во весник? Твитови? Постови на Facebook?

Можеби не од поинаква, но од подиректна, поопулена и погола секако. Мислев дека чувството на ментална онанија е погубно за блогот како медиум и блогерите мора да се борат за експанзија на слободната мисла која извира од блогосферата. Но, ако таа енергија, која блика, ја насочат кон себезадоволување – тука и внатре, тогаш секогаш македонската блогосфера ќе се шлепа на мејнстрим медиумите. Токму тоа и се случи. Мејнстримот не и подаде рака на блогосферата, во смисла новинарите не ја препознаа моќта на блогот, па да отворат блогови и без уреднички стеги да ја тераат дебатата, туку им подадоа рака на поединци блогери кои беа блог двигатели и ги апсорбираа и не сум убеден дека и не ги униформираа. Тука и така, многу изгуби и мејнстримот кој се хранеше од блогерскиот наплив, а и блогосферата што го отупи шпицот.

Каков совет би им дал на идните критички мислители, артисти, блогери… во само 140 карактери? :)

Следете го својот револт и неминовно: @sead93 на Twitter :)

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
5 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments
Nikola
Nikola
14 years ago

time.mk браќа 2-3 месеца ве читам редовно, на букмарк сте ми ставени горе, досега овакво срање не сте ставиле, што ви текна сега?

Попатник
Попатник
14 years ago

Долгичко е интервјуто, во право си, затоа и прво ги погледнав видеата (за прв пат) а потоа сакав да искоментирам нешто но ……… немав идеја како да го формулирам коментарот (без да навредам некого) ………. и тогаш се вратив на текстот за да го “испоштувам“ Рибаро целосно пред да пиша нешто. Го спомнавте и латас тамо …………… исти сте ко него ( copy to copy ), зарем таа политика ви е единствен и најголем предизвик.
Се “испука“ политички и овде не само на t

trackback

[…] одговорите на прашањата, трк на линков, кој води до интегралното интервју на http://www.it.com.mk Ти се […]

Jane Ribaro Gjorgjioski

Дарко, имам јас муниција. Значи, пост ќе има, прашањето е кога :)

Darko Buldioski
14 years ago

Тиииии, и линкот на @sead93 e утнат… ај среди брзо :). Патем интервјуто е одлично. Малку долго ама интересно. Но, мислам дека не е фер, Рибаро се спремаше за постот 3 недели, се испука во твит а сега си го испровоцирал тука да се испука.

дали ова значи дека нема да има пост кај тебе?