Интервју со Драган Варагиќ

Avatar img-thumbnail img-circle

во Интервјуа

Драган Варагиќ е сопственик на консалтинг агенцијата P2 Internet и се бави со советодавни услуги од областа на e-бизнис, интернет маркетинг и онлајн ПР. Сопственик е на веб сајтот Pretraga.co.yu како и на најстариот е-маил магазин во Србија, “Pretraga i prezentovanje“. Тој е исто така координатор на постдипломски студии за е-бизнис на ФТН во Нови Сад, и професор по интернет маркетинг на ВЕТШ Београд и ВЕШ Ваљево.

Во својата професионална кариера на полето на е-бизнис и интернет маркетинг има соработувано со компании како Coca Cola Србија, Diners, Паком, Светската банка, Македонски телеком и над 20 интернет проекти во Канада. Повеќе за Драган можете да прочитате на следниов линк.

1. Дали можете општо да ни ја опишете е-бизнис ситуацијата во Србија? Кои се денешните трендови? Дали оваа индустрија е доволно развиена или допрва треба да се работи на нејзиниот развој и што е тоа на што треба да се работи?

Најкратко кажано, развојот на е-бизнисот во Србија од почетокот на комерцијалната употреба на интернет (1996 година), па се до денеска воглавно зависеше од поединечни активности на приватни иницијативи. Од 2000 година, по ерата на Милошевиќ, започна интензивен развој на е-бизнисот, а најголем проблем до неодамна беше непостоењето на легален систем за наплата на кредитни картички преку интернет. Од минатата година кога се појави првиот систем за онлајн наплата, дојде до интензивен развој на е-трговијата, која во сите земји во регионот кои се пред Србија на ова поле (Романија, Унгарија, Бугарија, Хрватска…) имаше најголемо влијание на интензивирање на сите аспекти на е-бизнисот.

2. Дали српската влада го поддржува развојот на е-бизнисот и како? Дали законските регулативи се исправни или пак треба да се менуваат?

Владата во Србија од неодамна само декларативно го подржуваше развојот на е-бизнис. Постои закон за електронски потпис кој сеуште не е спроведен. Се работи на закон за е-бизнис и е-трговија, а во поединечни општини успешно е воведен е-government начин на работење со граѓани и работници.

3. Во тек на овој месец во Србија се објавија разни истражувања за е-бизнисот, по што се извлекоа неколку факти како тој дека во Србија интернет пенетрацијата е околу 35,6%, односно само околу 2 милиони луѓе користат интернет? Зар не е ова мала бројка и што би требало да се направи за да се подобри интернет пенетрацијата? Дали е интернетот прескап или пак луѓето сеуште не го разбираат неговиот потенцијал? Каде е проблемот?

Во Србија откако процентот на користење на интернет се зголеми во апсолутен број од преку милион граѓани, тогаш можеше да се зборува за поозбилно гледање на интернет како начин на бизнис комуникација. Бројката од преку два милиона корисници на интернет е доста охрабрувачка, а се знае и дека до пролет идната година значајно ќе се зголеми протокот за исти цени како сега. Тој тренд започна кога се појави понудата од 1 MB/s на постојаната врска со интернет (flat) за под 20 евра месечно. Овој проектиран пораст на брзината на пристапот за иста цена ќе доведе до уште поинтензивно користење на интернет.

Драган Варегиќ

4. Истите тие истражувања исто така покажаа дека Србија во 2006 година остварила профит од 137 милиони евра од е-трговија. Кои се клучните играчи во таа индустрија и како успеаја да се пласираат и да остварат големи профити со само 35% интернет пенетрација?

Овие профити се поврзани со B2B и B2C секторите, и затоа бројките се големи. Се знае дека на пример во 2004 година сајтот Pakom.com имаше профит од 40 милиони евра преку продажба на големо на интернет. Значи, се работи само за еден сајт. Најчесто во B2B системите работата се одвива преку нарачка на стока на големо преку интернет. Во бизнис секторот интернет пенетрацијата е многу поголема од онаа во приватниот сектор, и се проценува дека преку 75% од донесувачите на одлуки директно користат интернет (доколку се земе во предвид и дека преку секретарките се користи интернет, процентот може да надмине дури и 90 %).

5. Кога всушност се проби и доби на популарност блогосферата во Србија? И дали српската блогосфера е моќна во обликувањето на јавното мислење?

Блогосферата во Србија допрва започнува да добива на важност, и ќе ја има се повеќе во следните година, две. Повремено се појавуваат текстови во класични медиуми кои се пренесени од блогосферата, и се поголем број на влијателни луѓе ги пратат блоговите, али треба уште време за да приказните од блогосферата влезат во мејнстримот. Во Хрватска е подобра ситуација по тоа прашање отколку во Србија. Оваа година блогерите во Хрватска успеаја да сопрат донесување на еден закон. Во Србија сеуште немаме стигнато до таму.

6. Многу компании се скептични за корпоративните блогови, едни се правдаат дека нивната индустрија не е интересна и тој блог би бил за џабе, додека другите сметаат дека сајтот нема да им изгледа сериозно со блог. Што мислите вие околу ова прашање, дали постојат општи инструкции и правила за имање на корпоративен блог и кои се негативните/позитивните работи околу ова?

Три основни причини за создавање на компаниски блог е запознавање на корисниците со деловноста на фирмата, едукација на корисниците и промотивни (PR) ефекти – видливост во пребарувачите. Проблемот е во тоа што блогот не треба да биде формален како содржините на самиот сајт, а тоа некогаш не е едноставно да се направи. Од друга страна, потребно е да се биде активен, да се одговара на прашања и на (аргументирани) критики, а и за ова не се баш сите фирми спремни. Оние компании кои тоа успешно го прават во регионот не сакаат многу да се фалат, затоа што им одговара предноста која ја имаат во однос на конкуренцијата. Истото важи и за е-трговијата.

7. Една од вашите специјалности е бизнис примена на интернет? Дали можете да ни опишете што се подразбира под таа услуга? Како да се искористи интернет за бизнис цели?

Наједноставно кажано, советите за бизнис примена на интернет опфаќаат опис и начин на спроведување на стратегија за да фирмата има бизнис корист од интернет. Тоа е примарно зголемување на профити благодарение на интернет, али може да биде и подобрување на корисничките услуги, едукација на клиентите и слично.

8. Во Македонија многу компании сеуште не го разбираат потенцијалот на интернет маркетингот и немаат волја да експериментираат на тоа поле. Нивниот најголем избор е стариот добар традиционален маркетинг. Каква е ситуацијата во Србија? Дали интернет маркетинг е доста развиен, дали има значаен удел во оние 137 милиони во 2006? година (прашање 3)

Огласувањето на интернет во Србија не е баш развиено, но може да се види пораст секоја година во споредба со претходната. Во минатата година онлајн рекламирањето учествуваше со 1% во комплетната маркетинг потрошувачка во Србија (до 2 милиони евра), но оваа година првите проценки се навистина позитивни, каде што зголемувањето најверојатно ќе биде и повеќе од 100% во однос на минатата година. Зголемувањето на рекламирање на интернет е продукт на зголемена конкуренција, и што таа е поголема и рекламирањето е поголемо. Тоа важи секаде, па и на интернет.

9. Пред неколку месеци дадовте интервју за српската Biznis Novine насловено “Нашите фирми не знаат да заработат на интернет”. Дали можете да ни посочите неколку примери како може една фирма да го искористи интернетот за заработка?

– Продажба на одредени (не на сите) производи и услуги
– Интернет рекламирање, како најефтин начин на рекламирање
– Поддршка на клиенти која придонесува за обновување на потрошувачката
– Едукација на клиентите која овозможува во продажба на поскапи производи и услуги
– Пронаоѓање на нови партнери кои работат поевтино со подобар квалитет или едноставно да компанијата најде подобри снабдувачи

10. Дали постојат во Србија некои компании или фондови кои би инвестирале во некоја добра start-up идеја во стил на западните инвеститори? Кој би бил вашиот совет за сите луѓе кои имаат добра идеја за интернет компанија но слабо стојат со финансии?

За жал, досега во Србија нема вакви фондови. Најдобар начин за доаѓање до средства за онлајн работење се кредити од банките. Треба да се решат и да прејдат во “авантура”, а во Србија ова време е правиот момент за тоа.

11. Како стои Србија на полето на екстернализација на ИТ услуги? Дали outsourcing-от е присутен на голем степен и дали успева да донесе подобар профит на српските компании? Според вас, кој е најдобар начин една компанија да излезе надвор од границите и да овозможи екстернализација на своите услуги?

Поединечни компании и индивидуалци добро заработуваат од ИТ outsourcing на услугите. Најдобрите компании помеѓу нив имаат и преко 200.000 евра годишен профит од овој вид на услуги. Сепак, ваквите приходи се резервирани за само неколку компании, а повеќето ИТ поединци и фирми сепак не работат на ова поле. За тоа е потребно практично знаење и искуство, како и познавање на англискиот јазик.

Најдобар начин за пронаоѓање на контакти за outsourcing е всушност вебот. Тоа е најбрзото и најевтиното средство за претставување и промоција.

Сликата од Драган Варагиќ за најавата на насловната станица е преземена од тука.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk