Виктор Дано

2.842 написи активност: 12/2008 - 10/2016

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Редакција
1
Виктор Дано Свет Хардвер

Maче доби нови нозе од 3Д принтер #MiracleKitten

Двајца 17 годишни студенти, Џошуа Месмер и Исаја Вокер, одговорија на повикот на Шели Рош, основачот на засолништето за миленици Tiny Kittens, да му помогнат на едно мало маче без задните нозе. Тие со 3Д принтер му изработија нови нозе за да може да се движи слободно. Ова е еден од многуте примери како 3Д […]

0 коментари Прочитај 15 октомври, 2015
Редакција
1
Виктор Дано Блог

Добредојдовте на новиот IT.mk, v5.0

Го редизајниравме IT.com.mk, пак. Петти пат во осум години. Овојпат го редизајнираме поради паметните уреди, телефоните кои имаат поголеми екрани и таблет компјутерите кои ги заменуваат лаптопите, за кои е потребно да се следи трендот на responsive дизајн, односно сајтот ќе биде практичен и лесен за читање на сите разни екрани и уреди. Промените ќе […]

4 коментари Прочитај 14 октомври, 2015
Редакција
1
Виктор Дано ИТ.МК

Фондот за иновации ќе оддели нови 300.000 евра за стартапи и иновативни компании

Откако во јуни инвестираше 450.000 евра во 16 македонски стартапи, државниот Фонд за иновации и технолошки развој објави втор повик за стартапи, иновативни и спин-оф компании, не постари од шест години. За вториот повик, кој е отворен до 21-ви октомври, се одделени вкупно 300.000 евра од вкупното купче од 2,3 милиони евра кои Фондот ги […]

1 коментар Прочитај 9 октомври, 2015
Редакција
1
Виктор Дано Друштвени мрежи

Facebook најде решение за бараното Dislike копче и негативните емоции

Facebook тестира интересно решение за својот проблем со Dislike копчето. Корисниците веќе подолго време бараат копче со кое ќе искажаат негативни емоции и емпатија за содржината, но до сега единствено што можеа е да кликнат позитивно Like. Сега, Facebook тестира функционалност со emoji, односно со смајлиња, со кои ќе се оцени постот со различна емоција. […]

1 коментар Прочитај 8 октомври, 2015
Редакција
1
Виктор Дано ИТ.МК Мора да прочиташ

Истражете ја Македoнија одблиску со Google Street View

На Google му требаше една година откако прв пат го забележавме нивниот автомобил во земјава, да ги додаде градовите и патиштата во Google Street View. Наместо од птичја перспектива на Google Maps, сега со Street View може да се спуштите директно на улиците на Скопје, Битола и другите градови, и да ги разгледате одблиску со […]

1 коментар Прочитај 8 октомври, 2015
Редакција
1
Виктор Дано Мобилни Хак-атак/Приватност

Може да ви ги контролираат телефоните без да знаете, вели Едвард Сноуден

Без разлика колку мислите дека се безбедни вашите паметни телефони, агенциите можат едноставно да се здобијат со контрола врз нив, вели Едвард Сноуден за BBC. Главен фокус на интервјуто е Британската агенција за разузнавање GCHQ за која г. Сноуден тврди дека агенцијата може да ги следи своите жртви. Но, тој овојпат откри и дека GCHQ […]

0 коментари Прочитај 8 октомври, 2015
Редакција
1
Виктор Дано ИТ.МК Статии

Медиумите ќе замолчат, но бомбите ќе останат на Интернет засекогаш

Контроверзните бомби што открија наводни афери и нелегално прислушување не беа објавени првин во весниците и веб порталите. Тие беа само пренесени од македонските медиуми, како што им е работа да пренесат било која друга вест за која треба да се отвори јавна дебата. Видеата беа објавени во живо, на YouTube. И беа споделени од […]

1 коментар Прочитај 7 октомври, 2015
Редакција
1
Виктор Дано Друштвени мрежи Мора да прочиташ

Сега може да се огласувате на 120.000 Instagram корисници од Македонија

Добри вести за огласувачите, маркетинг агенциите и компаниите кои сакаат да го претстават својот бренд на една од најпопуларните друштвени мрежи во моментот. Instagram, третата најголема друштвена мрежа во светот, со над половина милион корисници на Балканот, сега ја отвори платформата за огласување и за локалните девелопери и агенции. Тоа што го прави Instagram уникатен […]

1 коментар Прочитај 5 октомври, 2015
Редакција
1
Виктор Дано Интервјуа ИТ.МК

Ќе инвестираме во амбициозни стартапи, вели Татјана Забасу од South Central Ventures

Татјана Забасу дојде во Македонија во потрага по големи идеи кои ќе можат да го освојат светот. Таа е инвеститор од RSG Capital, и еден од партнерите основачи на South Central Ventures, менаџер на ENIF фондот кој располага со 40 милиони евра за инвестирање на иновативни компании од Балканот. Официјално фондот е веќе стартуван во […]

12 коментари Прочитај 2 октомври, 2015
Редакција
1
Виктор Дано ИТ.МК

ИТ настан: Нов Startup Weekend Skopje е закажан за 20-ти ноември

Во ноември ќе имаме нов три дневен фестивал на креативност, на кој стартапи ќе се обидат од идеја да направат бизнис со кој ќе ги импресионираат жирито. Закажан е нов Startup Weekend Skopje кој ќе се оддржи од 20-ти до 22 ноември во просториите на CoSeed, во Скопје. Пуштени се и првите early-bird влезници од […]

1 коментар Прочитај 1 октомври, 2015
Редакција
1
Виктор Дано ИТ.МК

Пратениците ќе добијат таблет компјутери од 650 евра

Собранието на Република Македонија објави оглас во Бирото за јавни набавки за 130 таблет компјутери кои ќе им бидат поделени на пратениците, пренесува МКД.мк. Вкупната сума без ДДВ е 5.180.000 денари, или 84.182 евра. Ова значи пратеник ќе има таблет компјутер од 650 евра, што би било класата на најновите Apple iPad Аir 2, кој […]

3 коментари Прочитај 30 септември, 2015
Редакција
1
Виктор Дано ИТ.МК

ИТ настан: SuperFounders Skopje ги отвори апликациите за стартапи со Q&A настан

SuperFounders Skopje ја стартува четвртата Start програма во која ќе прими неколку стартапи во рана фаза, кои ќе бидат обучени преку дво-месечна менторска програма да го подобрат продуктот и креираат модел за интернационален бизнис. Рокот за аплицирање е од денес до 5-ти октомври, и ќе бидат примени стартапи и продукти кои се во рана фаза […]

0 коментари Прочитај 30 септември, 2015
Редакција
1
Виктор Дано Интервјуа ИТ.МК

Brainstеr сака да го модернизира образованието прво во Скопје, потоа во Атина, Софија и светот

Brainster е spin-off на WeLrn, првичниот стартап на Петар Ниновски за кој доби инвестиција од CEED клубот на бизнис ангели. Но, ако WeLrn е веб платформа преку која се пренесува знаење со кратки онлајн курсеви, Brainster е нешто комплетно различно, и подобро. Со Brainster Петар излегува во офлајн светот, се фаќа во борба против формалното […]

7 коментари Прочитај 29 септември, 2015
Редакција
1
Виктор Дано ИТ.МК

New Media МК меѓу најдобрите на регионалните дигитални награди SoMo Borac

Регионалниот натпревер за најдобри дигитални проекти, SoMo Borac, кој се одржа во склоп на Weekend Media Festival на 24-29-ти септември во Хрватска, ги објави финалистите и победниците во неколку категории. Жирито од дваесет регионални експерти во дигиталните медиуми и маркетинг пребираа помеѓу 123 пријавени проекти, но, на крај поделија само 24 награди на најдобрите проекти. […]

1 коментар Прочитај 29 септември, 2015
Редакција
1
Виктор Дано ИТ.МК Мобилни

One.Vip стартува од 1-ви октомври без промени во претплатничките договори

Вториот и третиот најголеми македонски оператори, Vip и One, официјално ќе се спојат во доминантниот one.Vip од 1-ви октомври 2015 година. Потврдата на спојувањето кое беше најавено пред помалку од една година, беше одобрено од Комисија за заштита на конкуренцијата, и беше потврдено од Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) која објави детали за што ќе […]

0 коментари Прочитај 29 септември, 2015
Редакција
1
Виктор Дано ИТ.МК Совети

ИТ настан: Хаклабот КИКА организира курс за програмирање

Хаклабот КИКА, слободната зона за споделување знаење, oрганизира курс за фундаментални концепти во програмирањето, кој започнува на 7-ми октомври и ќе го води Андреј Трајчевски. „Идејата е студентите да ги научат фундаменталните концепти од програмирањето (функции, типови на податоци и колекции, услови, циклуси). Kурсот е структуриран на таков начин што, по пат, ќе научат и […]

0 коментари Прочитај 29 септември, 2015
Редакција
1
Виктор Дано ИТ.МК

SuperFounders стартува стартап турнеја низ Балканот; во Скопје се на 16-ти септември

SuperFounders најави турнеја низ Балканот на која ќе ја претстави својата акцелераторска програма, преку која ќе понуди шест специјализација во Интернет на нештата, бизнис облак, мобилни сервиси, финансиски сервиси и трговија, алтернативна енергија и животна наука. Нивната програма е одлична шанса за стартапите и стартап ентузијастите кои имаат добра идеја, а им фали менторство како […]

0 коментари Прочитај 11 септември, 2015
Редакција
1
Виктор Дано Веб Софтвер

Google Chrome ќе блокира Flash реклами од први септември

Од први септември Adobe Flash ќе биде блокиран во Chrome со „цел да се подобри искуството со реклами“, како што вели Googlе. Но, тоа што е важно е што Google ќе ги конвертира сите AdWords реклами од Flash во HTML5. Најавено е дека Chrome е доволно „интелигентен“ за да ги паузира Flash рекламите кои стартуваат […]

0 коментари Прочитај 31 август, 2015
Редакција
1
Виктор Дано Свет

Уредникот на TechCrunch доаѓа во Охрид како ментор на StartQube – Startup Camp

StartQube – Startup Camp e интернационален настан закажан од 30-ти август до 6-ти септември во Велестово, Охрид, на кој стартапи и стартап ентузијасти ќе споделуваат иновативни идеи, ќе се дружат и учат за тајните на претприемаштвото од познати и искусни експерти. Меѓу најавените ментори се наоаѓа и едно „blockbuster“ име. Тоа е уредникoт на влијателниот […]

0 коментари Прочитај 27 август, 2015
Редакција
1
Виктор Дано Интервјуа ИТ.МК

По 25 години од основањето, пред Neocom е уште еден голем предизвик

Стартувана во 1990-та година кога немаше такво нешто како Веб, кога Microsoft сè уште немаше добар Windows, компјутерите се бутираа на DOS; кога беше период на Apple без отпуштениот Стив Џобс; во Македонија шестмина ентузијасти ја основаа Макпетрол компјутери со намера да ја донесат ИТ револуцијата и тука. Започнаа со продажба на хардвер, но подоцна […]

0 коментари Прочитај 26 август, 2015
Мени
Заедница
Изглед
To top