Регионалниот натпревер за најдобри дигитални проекти, SoMo Borac, кој се одржа во склоп на Weekend Media Festival на 24-29-ти септември во Хрватска, ги објави финалистите и победниците во неколку категории. Жирито од дваесет регионални експерти во дигиталните медиуми и маркетинг пребираа помеѓу 123 пријавени проекти, но, на крај поделија само 24 награди на најдобрите проекти.
Меѓу наградените се најде и македонската маркетинг агенција New Media MK која беше пофалена како финалист во категоријата SoMust Have. Иако победникот на категоријата се хрватите 404, New Media MK си подигна мала 3Д испечатена статуетка како финалист во категоријата. Македонската агенција беше наградена за својата работа со блогот на ЏаБест, брендот на One, и Instagram кампањата #фотонанеделата преку која ги претставуваа фотографиите на локалните инстаграмџии.
Сите победници може да ги погледнете на официјалниот сајт.
Честитки до New Media MK!
(Дарко Булдиоски, основач на New Media MK)
[…] SoMo Borac наградите беа стартувани пред четири години со цел да ги препознаат најдобрите дигитални проекти од целиот регион. Со бесплатни пријави, регионално жири составено од професионалци од целиот Балкан, вклучувајќи ја и Македонија, SoМo Borac е интересен настан преку кој дигиталните агенции од регионот ја добиваат својата афирмација, на минатогодишните награди го добивме и првиот македонски финалист на SoMo – New Media MK. […]