1 коментар 3 мин. читање 8 октомври, 2015

Истражете ја Македoнија одблиску со Google Street View

На Google му требаше една година откако прв пат го забележавме нивниот автомобил во земјава, да ги додаде градовите и патиштата во Google Street View. Наместо од птичја перспектива на Google Maps, сега со Street View може да се спуштите директно на улиците на Скопје, Битола и другите градови, и да ги разгледате одблиску со панорамски фотографии во 360 степени, или пак да патувате виртуелно до Маврово или Охридското езеро. За да го користите сервисот, посетете ги Google Maps и од десниот агол спуштете го жолтото човече на местото од интерес.

Street View е популарен сервис на Google бидејќи дава нова перспектива врз мапите, овозможувајќи виртуелно присуство во посакуваната локација. Иако оваа алатка не е од којзнае каква корист пример за граѓаните на Македонија, кои си ги познаваат своите градови и околината; таа е секако покорисна за туристите кои сака да ја истражат земјата. На бизнисите им е препорачано дека можат да ги вметнат Google Maps, поточно фотографиите од Street View, на својот сајт за промоција.

Од Google велат дека приватноста на граѓаните ќе биде заштитена, а од Дирекција за заштита на личните податоци потврдија дека Google се обврзал да ги замагли лицата на луѓето и регистарските таблички на сите фотографии. Дополнително, постои можност да се пријавува фотографија со барање за дополнително замаглување доколку некој се чувствува дека му е загрозена приватноста.

„Се наметнуваат повеќе одговорности, со оглед на тоа дека се работи за приватност и заштита на податоци и на овој начин имаме предвид преземање на чекор по чекор напори. Ние, како Институција за заштита на податоците сме длабоко убедени дека соработката со ентитети како Google во овој сегмент е силно утврдување во градењето на цврст систем за заштита на податоците во земјава“, вели директорот на ДЗЛП, Димитар Ѓеорѓиевски.

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Тони
Тони
10 years ago

Не се само тие градови, туку и Охрид, Прилеп, Велес, Струмица, Тетово, голем дел од Куманово се опфанати.

Мени
Заедница
Изглед
To top