SuperFounders најави турнеја низ Балканот на која ќе ја претстави својата акцелераторска програма, преку која ќе понуди шест специјализација во Интернет на нештата, бизнис облак, мобилни сервиси, финансиски сервиси и трговија, алтернативна енергија и животна наука. Нивната програма е одлична шанса за стартапите и стартап ентузијастите кои имаат добра идеја, а им фали менторство како таа идеја да ја направат вистински бизнис.
„Некои од најсилните стартап организации се ко-организатори на турнејата и преземаат одговорност за секоја од шесте вертикали“, вели Александар Тасев, еден од основачите на StartupFounders и ко-основач на Balkan Venture Forum, кои имаат голема конференција во Загреб во декември. Тогаш ќе биде и големото стартап финале. Меѓу партнерите што ги спомна г. Тасев се Hub:rau, Pioneers of the Balkans и Booster.sk, како и куп други балкански акцелератори кои се инволвирани во менторството.
StartupFounders e еден од првите стартап акцелератори во регионот кој се фокусира на стартапи кои се во рана фаза на развој. Стартапите преку Start програмата ќе бидат обучувани и менторирани од успешни претприемачи за на крај да излезат од работилницата со продукт кој е подготвен за пазарот, но и за собирање на инвестиции за понатамошен развој.
Балканската турнеја ќе трае од 7-ми до 18-ти септември, а рокот за аплицирање започнува со турнејата и завршува на 5-ти октомври. Потоа следат неколку промотивни настан за стартапите од сите шест категории, и на крај е големото финале на Demo Day на Balkan Venture Forum во Загреб од 3-ти до 5-ти декември.







