1 коментар 2 мин. читање 8 октомври, 2015

Facebook најде решение за бараното Dislike копче и негативните емоции

Facebook тестира интересно решение за својот проблем со Dislike копчето. Корисниците веќе подолго време бараат копче со кое ќе искажаат негативни емоции и емпатија за содржината, но до сега единствено што можеа е да кликнат позитивно Like. Сега, Facebook тестира функционалност со emoji, односно со смајлиња, со кои ќе се оцени постот со различна емоција. Според Engadget, функционалностата ќе достапна за корисниците во Шпанија и Ирска, и наскоро ќе биде официјализирана за сите корисници.

Иако ќе има повеќе опции за искажување на различни емоции за содржината на Facebook, друштвената мрежа сепак нема да воведе Dislike копче, најверојатно бидејќи се плаши дека тоа копче ќе им наштети на брендовите и ќе ги навреди другите корисниците. Наместо тоа, објавени се копчиња наречени „реакции“ како тажно и луто смајли што ќе послужат за искажување емпатија и негативна емоција.

Тоа што е сигурно е што различните емоции ќе му дозволи на Facebook да следи што му се допаѓа и што го прави тажен секој поединечен корисник, и според тоа да му прикажува соодветни содржини. Ако се сеќавате пред една година беше откриено дека Facebook прави социјален експеримент со 700.000 корисници, без нивно знаење, во обид да открие како негативните постови им влијаат на расположението. Со новите emoji тој експеримент ќе може да се направи со сите 1,5 милијарда корисници.

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top