Пратениците ќе добијат таблет компјутери од 650 евра

во ИТ.МК

Собранието на Република Македонија објави оглас во Бирото за јавни набавки за 130 таблет компјутери кои ќе им бидат поделени на пратениците, пренесува МКД.мк. Вкупната сума без ДДВ е 5.180.000 денари, или 84.182 евра. Ова значи пратеник ќе има таблет компјутер од 650 евра, што би било класата на најновите Apple iPad Аir 2, кој е околу 40.000 денари, Microsoft Surface или Lenovo Thinkpad.

Иако iPad е најдобриот таблет на пазарот, и немаме ништо против тоа пратениците да ги користат најдобрите технологии за да ја подобрат државата (и ова го пишувам без сакразам), сепак, како што забележува МКД.мк, oвие таблети се далеку поскапи од ваучерите што им беа поделени на студентите пред неколку месеци. МКД.мк пишува и за куп други бенефиции што ги имаат пратениците над „обичните смртници“ како на пример три пати поголема плата од просечната.

Владата во март на студенти од посиромашните семејства и студенти со посебни потреби им подели ваучери од 8.000 денари за таблет компјутер. Беа поделени над 4.500 ваучери на студентите, што ако се собере вкупната сума таа е поголема од сумата која е одделена за пратениците. Но, прашањето е дали таблет компјутерите ќе им помогнат повеќе на пратениците отколку на студентите? Според нас, нема, бидејќи пратениците ќе мора да научат да работат со нови технологии, ќе мора да научат да ги користат за практични работи, односно да ги заменат хартиите со дигитални документи. Поради ова Собранието ќе мора да се модернизира за да види корист од употребата на таблет компјутерите.

„Пратениците последен пат добиле компјутери кога министер за финансии беше Славевски, па ако се присетите кога било тоа, многу работи ќе ви станат јасни. Се работи за јавна, легитимна и транспарентна набавка, односно редовна и официјална набавка во рамките на Собранието. Така што, кој ќе ги добие таблет-компјутерите потоа е сосема друго прашање“, коментираше портпаролот на Собранието, Тодор Пендаров, за МКД.мк.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
3 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments
trackback

[…] користени за потребите на ДИК – а ова се однесува и на таблет компјутерите наменети за пратениците – ќе мора да бидат од иста класа и со ист оперативен […]

Aleksandar Kex Trpeski

А да си почекаат за iPad Pro со тастатура и моливче? :)

Toni Karagonov
9 years ago

Нема потреба од чекање (импровизација) surface е тука ;)

види ги сите огласи на kariera.it.mk