0 коментари 1 мин. читање

ИТ настан: SuperFounders Skopje ги отвори апликациите за стартапи со Q&A настан

SuperFounders Skopje ја стартува четвртата Start програма во која ќе прими неколку стартапи во рана фаза, кои ќе бидат обучени преку дво-месечна менторска програма да го подобрат продуктот и креираат модел за интернационален бизнис. Рокот за аплицирање е од денес до 5-ти октомври, и ќе бидат примени стартапи и продукти кои се во рана фаза на развој. Идејата е преку менторската програма и финална демо презентација да се промовира стартапот пред потенцијални инвеститори. Најдобрите ќе бидат поканети да посетат и европски акцелератори.

Но, пред да аплицирате добра идеја е да дојдете на Q&A настан закажан на 2-ри октомври. Се работи за дружење со SuperFounders во Скопје на кое ќе бидат одговорени сите прашања околу Start програмата, како кои резултати се очекуваат и кои се достигнати со програмата?; што е модуларна акцелераторска програма? зошто е важно да се учествува на Demo Day на еден од најголемите форуми во регионот, Balkan Venture Forum?; зошто е важно да се учествува во програмата?; како и сите други прашања што ги имаат стартапите, велат од SuperFounders Skopje.

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Мени
Заедница
Изглед
To top