Во ноември ќе имаме нов три дневен фестивал на креативност, на кој стартапи ќе се обидат од идеја да направат бизнис со кој ќе ги импресионираат жирито. Закажан е нов Startup Weekend Skopje кој ќе се оддржи од 20-ти до 22 ноември во просториите на CoSeed, во Скопје. Пуштени се и првите early-bird влезници од 20 евра за сите кои што сакаат да учествуваат на настанот. Дали вреди? Ако сте млад претприемач или девелопер со идеја, oва е одличен настан да добиете совети и насока како да ја реализирате таа идеја. Тоа што не го знаеме во моментот се менторите, предавачите и жирито кое ќе биде најавено подоцна.
Early bird картите се достапни од денес до 20ти Октомври. Резервирајте тука >> http://t.co/fxHrzDQhvg
#swskopje pic.twitter.com/c8v8E54FUX
— StartupWeekendSkopje (@swSkopje) October 1, 2015
Startup Weekend Skopje е работилница кој го слави претприемаштвото и се обидува да ги охрабри младите да си ја следат идејата. Но, бидејќи е тешко од идеја да крeираш вистински бизнис, на настанот гостуваат искусни ментори и претприемачи кои ќе помогнат со совети во текот на двата дена додека се разработува идејата. На крај има големо финале пред жири, на кое се презентираат идеите. Сите претходни Startup Weekend Skopje, а ги имаше до сега четири работилници, беа успешни и забавни настани на кои се споделија добри, лоши, глупави и фантастични идеи.
[…] ближи Startup Wеekend Skopje, кој е еден од поголемите стартап случување бидејќи […]