4 коментари 3 мин. читање 14 октомври, 2015

Добредојдовте на новиот IT.mk, v5.0

Го редизајниравме IT.com.mk, пак. Петти пат во осум години. Овојпат го редизајнираме поради паметните уреди, телефоните кои имаат поголеми екрани и таблет компјутерите кои ги заменуваат лаптопите, за кои е потребно да се следи трендот на responsive дизајн, односно сајтот ќе биде практичен и лесен за читање на сите разни екрани и уреди.

Промените ќе ги препознаете лесно – има поголеми слики, минимизирано мени, и бескраен скрол на текстови за полесно читање. Додадовме и нови секции со кои сакаме да ви го задржиме вниманието на сајтот и да ви претставиме нови кул ИТ содржини. Покрај текстовите, сега го истакнуваме и најдоброто од ИТ форумот, кој има скоро 12.000 членови и над половина милион мислења; воведовме ИТ.тв секција во која ќе ги претставуваме најинтересните видеа на интернетот во соодветен формат и секција за линкови од други сајтови кои мислиме дека секој ИТ професионалец и ентузијаст треба да ги прочита.

itcommk

Новина е што додадовме и ИТ маркет секција во која ќе препорачуваме кул хардвер што може да се најде во македонските продавници, или да се купи од веб продавниците што доставуваат во земјава. Во оваа секција за почеток ќе ги презентираме продуктите за кои имаме добиено добри критики или мислиме дека се квалитетни и вредат да ви бидат претставени.

Image 201

One more thing… како што велеше Стив Џобс. Откако пред две години ја завршиме расправата со МАРнет и Министерството за информатичко општество и администрација кое сакаше да резервира комерцијален домен, го регистриравме IT.mk. Решивме овој домен да биде основниот домен, IT.com.mk ќе редиректиран кон него. Ова практично значи дека IT.com.mk го ребрендираме во IT.mk.

П.С. За крај поради правни причини мора да ве известиме и дека Условите за користење и Политиката за приватност се апдејтирани за новиот IT.mk.

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
4 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Bravo
Bravo
10 years ago

Bravo, cista kopija na forbes :D barem vie imavte kreativnost….

Мени
Заедница
Изглед
To top