Тамара Атанасовска

175 написи активност: 02/2011 - 03/2012
Редакција
1
Тамара Атанасовска Совети

JavaScript имплементација на Android интерфејсот за лозинки

DontType! е JavaScript имплементација на интерфејсот за внесување лозинки налик на тој кај Аndroid телефоните. Го заменува конвенционалното внесување текст со едноставен графички интерфејс кој користи координатна мрежа (grid) за да внесете лозинка.

5 коментари Прочитај 1 март, 2011
Редакција
1
Тамара Атанасовска Општо Хардвер

Презентирани првите компјутерски системи со милиметарски димензии

Првите комплетни компјутерски системи со милиметарска димензии беа презентирани на ISSCC во Сан Франциско. Универзитетот од Мичиген ги презентираше овие системи во вид на имплант кој го мониторира очниот притисок кај пациентите со глукома, и компактно радио за безжични сензорски мрежи.

0 коментари Прочитај 1 март, 2011
Редакција
1
Тамара Атанасовска Хак-атак/Приватност

BlackHole RAT е нов тројанец за Mac OS X

BlackHole RAT е новиот тројанец кој ги таргетира MAC OS X системите. Како што и вели самиот тројанец, ова е сеуште бета верзија и е во изработка, што е индикатор дека во последно време интересот за креирање на ваков малициозен софтвер за Apple уреди е зголемен.

0 коментари Прочитај 28 февруари, 2011
Редакција
1
Тамара Атанасовска Друштвени мрежи

Мапа од вашите пријатели на Facebook

Where my friends be? е апликација за Facebook која ви дава визуелен приказ на тоа каде се наоѓаат вашите пријатели. Апликацијата работи со Google Maps, и ќе ви ги означи местата каде се наоѓаат вашите пријатели како на сликата погоре.

0 коментари Прочитај 28 февруари, 2011
Редакција
1
Тамара Атанасовска ИТ.МК Мобилни

Проверете ги пренесените броеви со .мк Android апликација

Пренесени броеви e апликација за Android од Димитар Талевски која проверува дали „телефонскиoт број е пренесен (портиран) на друг оператор или се уште се наоѓа на оригиналниот оператор.", односно дали бројот е на One, Vip или T-Mobile.

4 коментари Прочитај 28 февруари, 2011
Редакција
1
Тамара Атанасовска Веб

Google со промени на алгоритмот против фармите на содржина

Google го смени алгоритмот за рангирање на страниците со цел повеќе резултати од пребарувањата да бидат со повисок квалитет, промената ќе опфати големи 11.8% од сите резултати, но просечниот корисник нема да ги забележи разликите, односно ќе добие поквалитетни резултати.

0 коментари Прочитај 25 февруари, 2011
Редакција
1
Тамара Атанасовска Совети

Тренирајте си го вашиот мозок сo Lumosity

Lumosity е креативен стартап кој се грижи за нашиот мозок кој го користат над 11.000 корисници од повеќе од 190 земји. Иако почна како веб базиран сервис, сега постојат и апликации за iPhone, Android и webOS, кој досега биле симнати повеќе од 6 милиони пати.

2 коментари Прочитај 25 февруари, 2011
Редакција
1
Тамара Атанасовска Веб Софтвер

Oбјавен WordPress 3.1 со повеќе од 2.000 промени, новини и закрпи

Излезе четиринаесетата верзија на WordPress наречена „Reinhart" според џез гитаристот Џанго Реинхардт. WordPress 3.1 можете да го симнете мануелно, или пак да го надградите од вашиот dashboard.

0 коментари Прочитај 24 февруари, 2011
Редакција
1
Тамара Атанасовска Софтвер Хардвер

Microsoft покажа претходно тајни прототипи и концепти

Microsotf Research и групата Applied Sciences на Microsoft ги презентраа претходно тајните прототипи и неверојатни концепти на овогодишниов TechForum.

0 коментари Прочитај 24 февруари, 2011
Редакција
1
Тамара Атанасовска Совети

Soundtrckr – геосоцијално интернет радио

Soundtrckr е бесплатен музички сервис кој спојува во едно интернет радио, социјални мрежи и свесност за локација. Или како што тие го нарекуваат „геосоцијално интернет радио“.

0 коментари Прочитај 24 февруари, 2011
Редакција
1
Тамара Атанасовска Мобилни

Достапен Firefox 4 за Android и Maemo

Последната бета верзија на Firefox 4 е достапна за Android и Nokia Maemo. Оваа петта бета верзија се концентрира на подобрување на перформансите, големи подобрувања има во брзината и стабилноста.

7 коментари Прочитај 24 февруари, 2011
Редакција
1
Тамара Атанасовска ИТ.МК

Радио МОФ – младинска, културна и креативна заедница

Младинскиот образовен форум стартуваше ново интернет радио кое продуцира и споделува музички и информативни содржини кои се достапни на www.radiomof.mk.

0 коментари Прочитај 23 февруари, 2011
Редакција
1
Тамара Атанасовска Совети

Научете нешто повеќе за Android

Андроид станува многу, многу популарен. Фановите на оваа платформа си направија своја социјална мрежа I am android, а Radio Android ги учи оние кои сакаат да развиваат вакви апликации како да го направат тоа преку TV cast.

0 коментари Прочитај 23 февруари, 2011
Редакција
1
Тамара Атанасовска Друштвени мрежи Совети

Да ги заштитите или не твитовите?

Секој нов корисник се соочува со оваа дилема. Постарите корисници пак, како што им се зголемува бројот на следачи се соочуваат со проблеми како ботови кои ги собираат нивните информации, и почнуваат да се навраќаат на почетокот.

0 коментари Прочитај 23 февруари, 2011
Редакција
1
Тамара Атанасовска Софтвер

Достапен Service Pack 1 за Windows 7

Првата надградба на Windows 7 не ни носи некои особено возбудливи новини, но е одлична ако не сте го надградувале Windows 7 редовно бидејќи ги содржи сите претходни надградби за сигурност, стабилност и перформанси. SP 1 може да го симнете преку Windows Update, или пак да го мануелно исталирате и симнете од официјалната страница.

0 коментари Прочитај 23 февруари, 2011
Редакција
1
Тамара Атанасовска Хак-атак/Приватност

Како Крис Путнам го нападна Facebook со вирус и за тоа доби работа

Крис Путнам е познат по тоа што напиша компјутерски вирус со кој го хакна Facebook правејќи ги страните да изгледаат како Myspace профилите. Наместо да му се налутат и да реагираат, Facebook тогаш воспостави контакт со него и на крај го вработи како инженер. Подолу е дел од приказната раскажана од самиот Путнам на Quara сајтот за прашања и одговори.

1 коментар Прочитај 22 февруари, 2011
Редакција
1
Тамара Атанасовска Веб Софтвер

IndexTank објавија нов API за пребарување

IndexTank објавија нов интерфејс за развивање на апликации, кој им овозможува на програмерите да додадат пребарување на нивните апликации или да градат енџини за пребарување со множества од податоци кои се достапни на интернет. API-то на IndexTank дефинира методи за менаџирање на индекси (креирање и бришење), оперирање со индексите (додавање и бришење документи, функции и сл.), извршува пребарувања и сл.

0 коментари Прочитај 22 февруари, 2011
Редакција
1
Тамара Атанасовска Совети

Зборувајте со вашите Facebook пријатели преку Hotmail сандачето

Отсега, освен што може да зборувате со вашите MSN контакти, ќе можете да зборувате (чет) и со вашите Facebook пријатели преку вашето Hotmail сандаче. „Бидејќи Gmail не претрка донесувајќи ја комуникацијата преку инбоксот, ние отидовме чекор понатаму и ги донесовме и нашиот чет и Facebook четот во Hotmail", вели Microsoft претставувајќи ја опцијата која сега стартува глобално. Оваа опција досега можеа да ја користат само шест региони, а отсега е овозможена глобално. Од кога е објавена оваа можност, 2.5 милиони корисници ги поврзале своите Hotmail профили.

1 коментар Прочитај 22 февруари, 2011
Редакција
1
Тамара Атанасовска Совети Софтвер

Со Google Body до детален 3Д модел на човечкото тело

Google Body e алатка за преглед на детален 3Д модел на човечкото тело. За да можете да го видите не ви се потребни никакви додатоци како Java или Flash, ќе ви треба само прелистувач кој поддржува WebGL како што е Google Chrome.

1 коментар Прочитај 22 февруари, 2011
Мени
Заедница
Изглед
To top