4 коментари 1 мин. читање

Проверете ги пренесените броеви со .мк Android апликација

Апликацијата е корисна бидејќи ако е 075 префиксот не мора да значи дека бројот е на One оператор, заради преносливост на броеви, а како второ може да се прават повици и праќаат SMS преку апликацијата. Меѓу операторите има различни тарифи, а има и пакети каде повици меѓу броеви од ист оператор се бесплатни, добро е да се провери кој е операторот пред да е троши импулси.

Работи и за мобилни и за фиксни телефони, а како единствен познат проблем е наведено тоа што контактите ги прикажува по неколку пати на Samsung 5700.

Димитар е автор и на Okolu mene апликацијата, која учествуваше на Vip предизвикот. Okolu mene е апликација со информација за транспорт, ATM апарати и е на неколку јазика.

Коментари

4 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top