Aпликациjaта е интересна бидејќи сé се одвива само со еден клик, нема никакви реклами кои ви го одземаат вниманието. Креаторите на апликацијата Весли Жао, Ден Шипер и Аџеи Мета, кои се бруцоши на факултет, велат дека профитот сега засега не ги интересира, и дека уживаат да си ги пробуваат силите креирајќи забавни апликации.
„Нема многу вакви апликации. Имаше неколку кои беа многу слабо изработени и беа откажани пред неколку години. Тие не беа ни вака визуелни и повеќето имаа досаден бар за вчитување или мапирањето беше споро. Кај нас, пријателите се појавуваат на мапата на интересен, интерактивен начин (што беше најтешкото да се направи).”, вели Аџеи Мета.
Ова е еден интересен пример како наместо да се обидувате да смислите нешто сосема оригинално (што не е лошо) кога сакате да почнете некој стартап, можете да искористите алатки кои се веќе достапни и да ги направите пофункционални и подобри, за што разговаравме овде.
(via Mashable)







