Научете нешто повеќе за Android

во Совети

I am Android е сосема нова социјална мрежа за Android фанови, која е направена од студентот Ерик Ричардсон. На I am Android можете да си креирате профил, можете да се приклучувате во разни групи и да креирате свои, да учествувате во дискусиите на форумот или да читате блогови кои се напишани од корисници. Клучната точка на I am Android е чатот на кој секогаш има логирано корисници со кои можете да позборувате.

Ричардсон вели дека I am Android има предност за корисниците кои сакаат да зборуваат на Андроид теми пред Facebook, затоа што на Facebook имате многу други пријатели кои воопшто не ги интересираат вашите Android муабети, а овде можете секогаш на најдете одговор. Заедницата има во моментов 4023 членови, и нивниот број постојано расте.

Една огромна забелешка: Нашата држава не е застапена ни под името Macedonia, ни под FYROM. Android фанови, реагирајте!

Radio Android е место каде можете да пратите видео подкасти кои се поврзани со Android. The Android Show зборува за различни новини во врска со Android, и видеата се прилично долги. Водителот прави и видео конференции со гости на теми кои се актуелни. Coding Green Robots кој започнуваа оваа недела, и кој ќе се концентрира на тоа како да развивате апликации за Android, од самиот почеток, па натаму.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments