Екстра малото компактно системче е големо само 1 кубен милиметар, и има микропроцесор со ултра-ниска моќ, батерија од тенок филм, соларна ќелија, меморија, сензор за притисок, и безжично радио со антена кое може да пренесува податоци до надворешен читач кој ќе биде поставен блиску до окото.
Засега, комуникацијата со овој систем е еднострана, односно само може да соопштува податоци, што и не е баш погодно ако сакаме да направиме безжични сензорни мрежи. Сепак, овој систем е еден чекор поблиску до таа цел, затоа што ова радиото кое се наоѓа на овој чип има и антена која е исто таму, што видно го смалува системот во димензии. Досега, системите беа ограничени да користат надворешен кристал како референца, за да можат два изолирани системи да комуницираат меѓу себе.
Истражувачите велат дека ова е иднината на индустријата, затоа што овие скоро невидливи системи можат да ја рашират компјутеризацијата насекаде.
„Нашата работа е единствена во смисла дека ние мислиме на комплетни системи во кои сите компоненти се со ниска моќ и кои можат да застанат на чипот. Ние можеме да собираме податоци, да ги зачуваме и да ги пренесуваме. Апликацијата на системи од оваа големина е бескрајна.”
Според законот на Бел, посочува истражувачкиот тим, секоја декада има нова класа на компјутерски системи кои се помали и поевтини од претходните. За секоја класа, големината опаѓа за двапати и бројот на системи по човек се зголемува. Овој закон не однесе преку мејнфрејм компјутерите од 60-те, персоналните компјутери на 80-тите, лаптопите на 90-тите и паметните телефони од последната декада. Можете ли да замислите што ни носи следната генерација?







