Како да симнете видео од YouTube
Кој е најдобриот сервис за симнување видеа од YouTube, е дискусијата на форумот. Се споменаа најразлични сервиси, пример: keepvid.com, Firefox додаток за FLV player, Internet Download Manager, Real Player...
Кој е најдобриот сервис за симнување видеа од YouTube, е дискусијата на форумот. Се споменаа најразлични сервиси, пример: keepvid.com, Firefox додаток за FLV player, Internet Download Manager, Real Player...
На овогодишната Black Hat конференција безбедносниот експерт Барнаби Џек само со интернет конекција успеа далечински да хакне банкомат да исфрла пари и да ги украде корисничките податоци. Се работи за банкомати кои можат да се најдат покрај продавниците, во трговските центир, пред банките...
Ние пробуваме нешта, вели директорот на Google, Ерик Шмит одговарајќи зошто Google Wave не успеа. Продуктот кој беше платформа за комуницирање во реално време и кој само пред една година беше неверојатен хит на интернет, заврши неславно - Google го изгаси комплетно велејќи дека ќе го сочува кодот да им се најде за некои идни продукти.
Не е тајна дека Facebook сака да владее со светот, поврзувајќи го и терајќи го да споделува информации. За тоа се потребни нови 18 патенти за кои Facebook плати 40 милиони долари. Патентите се купени на 7 јуни и припаѓаа на Freindster, пишува VentureBeat повикувајќи се на информации од Канцеларијата за патенти на САД. Friendster e еден од пионирите на друштвените мрежи кој стартуваше во „далечната“ 2003 година, за да биде тргнат од сцената од MySpace и подоцна Facebook.
Новиот подобрен Hotmail сега е достапен за сите 350 милиони корисници ширум светот, во 220 земји. Ова е еден од најголемите редизајнирања на мејл сервисот до сега.
Програмирањетo, смислување нови стартапи, дизајнирањето, апликации, програми, хардвер... колку и да е забавно сето тоа знае да стане досадно и напорно. Посебно во овие летни горештини. Па што да се прави? Што прават гиковите кога сакаат да се рекреираат?
Research in Motion, креаторите на Blackberry телефонот, се согласија да ги блокираат порно сајтовите и да дозволат владите да ги шпионираат корисниците, откако Обединатите Арапски Емирати, Кувајт, Саудиска Арабија и Индиа се заканија дека ќе го забранат телефонот и неговите сервиси.
Logmein Hamachi е софтвер кој ви овозможува далечински пристап (remote access) на друг компјутер. Го пробавме софтверот за да поставиме мрежа меѓу два компјутери, еден во Скопје и друг во Куманово и со Hamachi ни беше потребно само да инсталираме мал софтвер и една лозинка.
Google има неверојатни 98.29 отсто од глобалното мобилно пребарување, покажуваaт најновите бројки на StatCounter. На второ место е Yahoo со 0.8 отсто.
Судот од градот Комсомолск-on-amur на далекиот исток од земјата донесе одлука за комплетна забрана на YouTube во рускиот регион заради само едно екстремистичко видео „Russia For Russians". Тој слоган е националистичка доктрина која повикува на етнички чистења во мулти-етничката Русија.
Teuxdeux е бесплатна, веб базирана и убаво дизајнирана to-do календар за организирање на работата. Апликацијата е неверојатно лесна за користење. Се логирате за 30 секунди, добивате календар според вашата временска зона, вметнувате обврски и задачи, ги редите по приоритет, и потоа или ги прешкртувате како готови или ги тргате задачите. Дополнително има и место за вметнување на задачи неврзани за датум Толку е едноставно со Teuxdeux. :)
Во Македонија просечната интернет брзина е 5.71 Mbps, а Велес е градот со најбрзата конекција од 6.93 Mbps. Според брзината Македонија се наоѓа на 46-тото место. Ова се резултатите на NetIndex кој резултатите за Македонија ги собрал од 249.000 уникатни IP адреси кои направиле 1.883.423 тестови за брзина од Speedtest.net и Pingtest.net, а од нив 63.000 се искористени за моменталниот индекс.
Kористејќи ги новите HTML5 веб стандарди, програмерот Дајл Харви направи игрива верзија на Pacman објавувајќи ја на својот блог.
Beauty, нов член на форумот, неодамна се пресели во Скопје во населбата Пинтија и сега бара интернет провајдер кој работи во околината и кој е евтин, брз интернет. Таа и бара фиксна месечна претплата бидејќи е навикната на неограничен интернет, со две IP адреси итн итн ...
Ford ја искористи друштвената мрежа за претставување на својот нов автомобил Еxplorer 2011. На Facebook страната на Ford се објавија ексклузивни видеа, фотографии, интервјуа, а бидејќи фан страната надмина 30.000 фанови Ford ќе додели еден 2011 Explorer на рандом фан.
Nokia 1100 е обичен телефон произведен на крајот на 2003-та година и ги има основните функции на еден обичен телефон. Цената му е приближно 1000-2000 ден. Но во последно време овој телефон стана доста популарен и сега вреди многу. На нашиве онлајн .mk продавници овој телефон се продава за суми од 500 се до 8.000 евра, додека на интернет неговата цена достигнува и до 32.000 евра за модел произведен во Бохум, Германија.
Индискиот таблет од 35 долари е наменет за учениците од основните, средните училишта како и за студентите со цел да им се даде можност и на сиромашните да напредуваат во учењето.
Gosbook.ru e друштвена мрежа за руската државна администрација, каде секој од нив си има свој профил, блогови, групи, пријатели како и секоја друштвена мрежа. Целта на Gosbook (gos на руски значи држава) е да овозможи на огромната администрација полесно да комуницира и да соработува во секојдневните обрски со што ќе се забрза работењето кое ќе биде и потранспарентно.
Доста интересни луѓе можат да се сретнат по друштвените мрежи. Една од нив е Јелена Јенсен, која покрај тоа што е привлечна жена и порно актерка, Јелена е и програмер која работи со PHP, HTML, Javascript... и си го одржува својот сајт, како и сајтот на неколку други девојки.
Македонско-германската фирма Sam97 сака да објави бесплатен дигитален лексикон на македонскиот јазик, кој ќе содржи илјадници зборови и нивно објаснување.