Па да видиме како се развиваат апликации во соседните земји…
Хрватскиот победник кој доби 91.000 куни е Žabolomac апликацијата на Cyberlabs Mobile. Aпликацијата е опишана како „забаван начин за подобрување вештини во полето на логичко-математичката и просторната интелигенција. Главен лик е жаба која треба да пројде низ 30 нивоа и 3 околини да совлада пречки за да дојде до својата принцеза.“
Сребрената награда ја освои Slušaj Radio! на Infinum, која е апликација за служање на хрватски радио станици преку мобилниот телефон. Апликацијата има интересни функции како: ако се потресе телефонот се бира рандом станица, има мод за спиење и будење, можност за снимање на радио и контрола на потрошениот мобилен сообраќај.
Бронзената награда ја освоија осум апликации и тоа:
- mPlacanje – апликација за брзо плаќање преку мобилен за парикирање, гаражи и јавен транспорт преку SMS.
- TVdroid е TВ водич.
- ZETPanic e апликација за купување карта за јавен транспорт преку мобилен.
- Horvat Andro служи за следење информации, вести, прогноза, тв програма… преку мобилен.
- Transmeet.TV muzička karta za Android e апликација за следење на музички настани заедно со информации и севиси за истите.
- HotFuzz e апликација за споделување на настани. Пример ако сте на настан споделувате fuzz со краток опис, локација и слика.
- Roaming Viewer e апликација што нуди информации за роаминг цени, оператори и попусти.
- Lociraj e локациска апликација за пронаоѓање на болници, банкомати, аптеки…
Повеќето од тие апликации се наменети само за хрватскиот пазар, што е штета бидејќи некои од нив се доста корисни. Да се надеваме дека наскоро ќе видиме и локализирани апликации за македонските корисници.











Не ми е јасно како е игра со жаба подобра од апликација за брзо плаќање на паркинг место или пак купување карта за јавен транспорт.
Се чудев и јас, но можеби игривоста т.е функционалноста на апликациите им ги донела наградите, не идејата за апп.