1 коментар 1 мин. читање

Потребно е само интернет и банкоматот ќе исфрла пари

„Не мора да одите до автоматот. Можете да го направите ова од вашата спална.“ вели експертот.

За да го пробие автоматот тој искористи свои сопствени алатки „Dillinger“ и „Scrooge” преку кој тој не само што успеа да извлече пари од автоматот, туку и да ја преземе историјата на корисничката кредитна картичка заедно со PIN-овите во момент додека корисниците ги внесуваат во автоматот.

„Не треба ни да го допрете автоматот.“

Друг метод за пробивање на банкоматот, вели г-дин. Џек, е со USB. Тој купил легално три матични плочи за банкомати нарачани од три производители. Тој го репрограмирал фирмверот на банкоматот креаирајќи своја верзија. Потоа со физички клуч купен легално онлајн, ги отклучува деловите на банкоматот што имаат стандарден USB слот и го внесува својот код, некои машини дозволувале и надградба на фирмверот, по што банкоматот ги буквално истресува своите резерви.

Иако звучи застрашувачки, сепак оваа демонстрација е со цел да се подобри безбедноста на банкоматите и корисничките информации.

„Понекогаш треба демонстрација за опасноста да се предизвика решение.“ вели г-дин. Џек за Forbes.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Коментари

1 коментар

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top