Малициозен софтвер ги пробива паметните телефоните преку медиа плеер апликација. На корисниците им се појавува да инсталираат фајл кој е под 13 KB со стандардна Android екстензија .apk. Штом се инсталира тројанецот го користи системот да праќа СМС до премиум броеви без корисничкото знаење, со што прави огромна сметка на штета на корисниците, а голем профит за криминалците.
Праќањето скапи СМС е стандардна опасност кога се работи за малициозни софтвери на паметните телефони, и е опасност која ќе се појавува се почасто како што се популаризираат паметните телефони. Меѓутоа има решение. Покрај анти-вируси и друг безбедносен софтвер, KasperskyLab вели дека секој корисник треба да води внимание за пристапите кои и ги дозволува на апликацијата при инсталирањето.
Коментари
6 коментари
Коментарите се затворени.