Сигурно треба да се гледа на разултатитe на NetIndex малку со резерва, бидејќи фали покомплетна анализа, но е интересна за разгледување на состојбата со интернет услугите и споредба со соседните земји. Еве што вели NetIndex:
Според градовите Велес e најбрз со 6.93 Mbps. Најдобрите се:
- Штип – 6.28 Mbps
- Ресен – 6.23 Мbps
- Скопје – 6.20 Мbps
- Охрид – 5.85 Mbps …
- Струга – 1.49 Мbps
Според брзината на аплоад Велес е повторно прв со 3.87 Мbps. Потоа следат:
- Ресен – 2.88 Mbps
- Тетово – 2.37 Mbps
- Охрид – 2.31 Mbps
- Кочани – 1.63 Mbps …
Според интернет провајдерите NetIndex вели дека Mакедонски телеком е најбрз според брзината на симнување и закачување, па следи Неотел.
Доколку го споредиме индексот за квалитет за конекцијата, глобалниот просек е 81.72, а Македонија има индекс на квалитет од 76.33. Споредено со останатите балкански земји индексот е ваков:
- Bосна и Херцеговина – 81.14 квалитет
- Србија – 79.01
- Албанија – 78.45
- Македонија – 76.33
- Хрватска 76.07
- Бугарија – 75.26
- Грција – 64.46
(via Игор Стаматовски)
Коментари
8 коментари
Коментарите се затворени.