„Програмата е дел од пошироката „Дигитална Србија“ стратегија за развој на информатичко општество и електронски комуникации. Оваа стратегија е усогласена со принципите на Дигиталната агенда на Европа, која претставува една од седумте главни иницијативи на новата европска економска стратегија „Европа 2020 – стратегија за паметан, одржив и инклузиван економски раст““, пишува BlicOnline.
Во Србија, 55.9% од целокупната популација од 7.3 милиони се интернет корисници, што ја прави земјата една од подобро дигитално развиени земји на Балканот.
„Сепак, кога станува збор за целокупната стапка на писменост меѓу возрасните лица, според извештајот за човечки развој спроведен од UNDP во 2009та година (.pdf документ), Србија заостанува позади своите балкански соседи.“ пишува Global Voices додавајќи дека се потребни да се надминат неколку предизвици за овој проект да успее, меѓу кои:
„- Властите мора да обрнат внимание на недостигот на примарните услови за удобност во основните училишта во Србија (на пр. електрична енергија, санитарни потреби и други услови кои овозможуваат нормално, секојдневно функционирање).
– Покрај обезбедениот компјутерски тренинг за професорите, потребна е соодветна промена и на наставната програма во основните училишта.
– Наставниците треба да бидат подготвени да предаваат критичко мислење кое учениците би го искористиле при користење на интернет. Како дигитални почетници, децата прво учат да играат компјутерски игри (64% од српската популација го користи интернетот за играње игри), но често се немоќни да се запрашаат за кредибилитетот на информациите кои се достапни онлајн.“