Среќен прв роденден Дезен.мк!
Дезен.мк, блогот за дизајн, графика, веб, фриленс и пред се инспирација за македонските веб креативци, го слави својот прв роденден!
Дезен.мк, блогот за дизајн, графика, веб, фриленс и пред се инспирација за македонските веб креативци, го слави својот прв роденден!
Gmail си доби комплетно нов изглед што се наликува со Google+ дизајнoт. Новиот изајн ќе се пушта постепено во наредните месеци, но Google објави две теми, достапни од Тhemes табот во Gmail, кои ќе го прикажат новиот дизајн.
Најновата 2.0 верзија на Skype за Android вклучува опција за бесплатни видео разговори меѓу два Skype корисника. Видео повиците се едноставни како и кај десктоп верзијата, кликате на контактот и ви се отвара мени за телефонски повик, IM или видео. Call!
<Надополнето 05.07.11> Facebook се обидува да ја
Од тоа што го видовме од Google+, Circles за групирање на пријателите се супер, постирање во нив е лесно, Hangout дружењата се одлични посебно што може да биде видео чет или YouTube сесија, да си пуштате музика преку сервисот. Во принцип наликува на Facebook, се што знаете за Facebook го има и тука, приватност, статуси, +1 копчето е исто како Like само што Google може во иднина да го искористи +1 да дава поспецифични резултати (и реклами) зависно од +1 лајкувања и интересите.
MySpace се продаде за само 35 милиони долари, што е минијатурна вредност од тоа што другите друштвени мрежи вредат во моментов, и од 580-те милиони долари што Руперт Мурдок плати за компанијата во 2005 година.
Корисничкото искуство е наjвредното мислење кога се работи за продукт, бренд или компанија. Затоа, од среда, Златна книга стартува новина каде корисниците ќе можат да остават коментар или оцена за компанијата која е излистана на сајтот.
Facebook тестира нова верзија на почетната страна, т.е на корисничкиот ѕид, каде ќе ги истакне рекламите од десната страна. Трикот со со новиот дизајн е што кога ќе се скрола надолу низ стримот, менијата и десниот страничен таб ќе останат на своето место, што значи ќе бидат присутни постојано.
Додека ја претставуваше Google+ мрежата, Google Dата Liberation Front го претстави и Takeout сервисот со кој може да ги извлечете (експортирате) сите ваши податоци од Googlе сервисите во eден фајл. Нешто слично како и опцијата на Facebook.
Microsoft официјално го претстави веб базираниот Office 365 кој ги спојува во „облакот“ Office пакетот, SharePoint Online, сервис за онлајн соработка, Microsoft Exchange Online за имејл и календар и Microsoft Lync Online за конференции и текст, аудио и видео разговори.
Два метра долгите Тhunderbolt кабли со USB на двата краја се направени од пластика и метал и ќе чинат 50 долари. Сега останува да си најдете Thunderbolt способен уред, односно MacBook Pro и iMac, или можеби некој од идните Маc компјутери.
За само една недела две македонски компании дозволија лични податоци на корисниците да бидат достапни на веб, околу 8.000 документи беа достапни само преку Google без потреба од хакнување, додака во другиот случај хакер извлече околу 500-1.000 кориснички имиња, лозинки и телефонски броеви. Зошто не ги објавуваме компаниите, односно зошто сакаме да ги заштитиме корисниците ќе ви биде појасно подолу.
Спортскиот портал Sport Denes објави своја апликација за мобилен телефон. Апликацијата е доста едноставна, имате вид на паѓачко мени каде може да се прегледува според спортската категорија: фудал, тенис, кошарка...
Јавната соларна станица за полнење на телефони, поставена од тим од студенти од Универзитетот во Белград, освои награда на Европското натпреварување за алтернативна одржлива енергија.
Обичната тастатура и глувче не се доволни да се pwn!. За успешно играње потребно е да се има uber алатка која ќе се перонализира да одговара на стилот на играчот и на стилот на играта. Токму тој гејмерски сон го нудат гејмерските уреди на SteelSeries.
Олимпискиот комитет ги охрабри спортистите да го споделат искуството со „друштвените мрежи и блоговите, постовите и твитовите“ на Олимпијадата во Лондон која ќе се одржи во 2012 година. Преку друштвените мрежи љубителите на спортот ќе можат да искомуницираат со спортистите на кои им е забрането да споделуваат реклами и комерцијални пораки. „Учесниците и други акредитирани […]
Онлајн енциклопедијата ќе додаде експериментално WikiLove копче, со кое корисниците ќе се наградуваат меѓу себе и со тоа ќе се мотивираат да го продолжат со уредување на страните.
Skype за iPad се уште се нема појавено на iTunes, но компанијата веќе започна да закачува промотивни видеа на YouTube. Сфаќајќи ја грешката Skype го повлече видеото, но не пред еден корисник да го симне и закачи под свое име (за жал без аудио).
Valve се одлучи да ја направи Теам Fortress 2 бесплатна за сите. „Нема трик тука! Играјте колку сакате, колку време сакате.“, вели Valve.
Околу педесетина сервери во САД, Франција, Британија, Шведска, Германија, Латвија, Литванија и Холандија се запленети од властите во акција да се спречи криминална шема која заработила до 72 милиони долари.