Kако да си ги донесете вашите Facebook пријатели на Google+

Google+ нема опција да си ги најдете сите вашите Facebook пријатели кои се приклучија на новата друштвена мрежа, пример преку @facebook.com мејловите, но сепак има решение.

Благодарение на Chrome додаток и Yahoo/Hotmail профили, има начин како полесно да ги најдете и да се поврзете вашите неколку стотина пријатели на новата друштвена мрежа. Додатокот е Facebook Friend Exporter и работи така што ги извлекува вашите Facebook пријатели и ги додава како Google Contacts кои потоа ви се понудени како можни пријатели за да ги додадете на Google+. Ако имате 1.000+ пријатели ќе се изнакликате секако, но во моментот ова е еден од начините, покрај имејл импортирање (види подолу), за „синхронизација“ на пријателите меѓу двете друштвени мрежи. Префрлувањетo со Export Friends може да потрае зависно од бројот на пријатели, а информациите кои ќе ги извлече апликацијата вклучуваат име, имејлови, телефонски броеви, веб сајти, родендени и адреси.

Друга опција е за корисниците на Yahoo Мail и Hotmail. Во двата клиента има опција да импортирате, односно извлечете контакти од Facebook со поврзување на профилот. Откако ќе ги додадете во Yahoo/Hotmail со Export опцијата вадите CSV фајл кој потоа го додавате (импортирате) во Gmail. Контактите потоа ќе ви се излистаат во Google+.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments