0 коментари 2 мин. читање 28 јуни, 2011

Белградскиот јавен соларен полнач за мобилни Strawberry Tree oсвои ЕУ награда

Strawberry Tree, кое се наоѓа во белградската населба Обрановац, е првот јавен соларен полнач на телефони во светот. Соларното „дрво“ преку ден ја складира целата енергија, вградените батерии можат да складираат до месец дена енергија, така што функционира и преку ноќ. Телефоните се полнат комплетно за само 10 до 15 минути.

Креаторот на Strawberry Tree е Милош Милисављевиќ, 22-годишен студент кој дошол до идејата уште на 17 годиини. Тој планира да постави уште вакви „дрва“ во други српски градови.

„Сакавме да најдеме најдобар начин за промовирање на рециклирана енергија, и знаевме дека за да го направиме тоа треба да допреме до емоциите на луѓето. Секој има свои проблеми. Да го привлечеме нивното внимание требаше да направиме нешто од кое ќе имаат личен бенефит.“, вели Милош.

Во прототипите на Strawberry Tree било инвестирано од сопствен џеб, а потоа од градот Белград кои помогнале да се постави „дрвото“. Во првите 40 дена од користењето се забележале 10.000 сесии за полнење. Полнењата се бесплатни.

„Енергијата од Сонцето е бесплатна, и би било неетички да им се наплаќа на луѓето да го користат Strawberry Tree,“ вели Милош. „Се обидуваме да ги инспирираме младите луѓе да мислат за изворот на енергијата која ја користат, и да се однесуваат соодветно.“

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top