0 коментари 1 мин. читање

Официјално стартува веб-базираниот Office 365

Сервисот е наменет за мали и големи бизниси и затоа не е бесплатен, туку ќе чини од 6 долари по корисник за компании со под 25 вработени, до 27 долари по корисник за поголеми компании кои ќе добијат и дополнителни можности како на пример простор за складирање без лимит.

Office 365 ќе биде достапeн преку десктоп, лаптопи и таблет компјутери како и Windows Phone, BlackBerry, iOS и Android телефони. Компаниите ќе имаат можност да ги хостираат своите фајлови и апликации во Microsoft дата центрите, на посветени (dedicated) сервери во земјата или на свои компјутери.

Оffice 365 е директен конкурент на Google-овите веб апликации за бизнис. Интересно, од Microsoft велaт дека забележале логирање од IP адреси од Mountain View каде што се лоцирани канцелариите на Google.

[youtube]7SGp9pA9cAY[/youtube]

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед
To top