„Се започна минатата година кога дадов отказ и одлучив да се бавам исклучиво со фул тајм фриленсинг и прво што размислував како да ги искажам своите ставови, размислувања и искуства, а тоа да не биде само Twitter, Facebook или слични друштвени медиуми. Нормално прво на што помислив е блог. Но, каков блог, која платформа…?“, вели веб дизајнерот Даниел Јанев, основач на Дезен.мк.
Вебот овозможи да се пројде преку физичките граници. Ако нема креативна работа во Македонија, тогаш Вебот и друштвените мрежи ќе помогнат на дизајнер, графичар, уметник, програмер и другите креативци да си ги промовираат своите дела и да најдат креативна независна работа надвор од земјата. Токму тоа, научено од неговото и од искуството на другите, за Даниел стана и идејата околу која ќе го креира блогот.
„На Дезен.мк веќе постојат 20-тина фриленсери од повеќе области кои бесплатно имаат свој банер. Тоа ќе продолжи и во иднина со уште повеќе фриленсери и конечно да се направи финална листа која сите ќе ја имаме за соработка.“
Среќен прв роденден Дезен.мк! Продолжете со работата и со промоција на македонските креативци!