2 коментари 1 мин. читање

Facebook наскоро со нов дизајн, ќе ги истакне рекламите

Како што може да се види од сликата на Inside Facebook, десниот страничен бар Happening Now ќе содржи кратки статуси на страните и пријателите кои ги следите, пример на што кликнале Like, кој со кого се спријателил и кој каде коментираш, додека на средината ќе одат сликите и правите статуси од страните и пријателите.

Но. Целта на промените е да се зголеми видливоста на рекламите и со тоа да се зголеми шансата да се кликне на нив, како и да се зголеми видливоста на апликациите, и интеракцијaта со фан страните.

Facebook има над 750 милиони корисници од вкупните 2 милијарди интернет корисници во светот. Се чини дека капацитетот е исполнет, иако Facebook продолжува да расне со поспоро темпо. Но можноста да се профитира од толкавиот број корисници сè уште не е искористена комплетно. Се проценува дека Facebook може да генерира до 2 милијарди долари годишно само од рекламите, па логично е за мрежата да започне да ги истакнува истите да ги задоволи потребите на тие што се рекламираат, но и на своите инвеститори.

Нова промена на Fаcebook рекламите е што ќе станат интерактивни, односно ќе може да се коментира на нив, што сигурно ќе привлече поголем дел од корисниците да кликнат на рекламата или да лајкуваат продукт/бренд.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Коментари

2 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top