Според тоа што може да се види од видеото, Skype за iPad ќе биде директна конкуренција за Apple-овиот Face Time, односно ќе има видео разговори покрај гласовното и текстуално комуницирање. Ќе функционира на двете верзии на iPad, но бидејќи првата верзија нема предна камера, ќе може да се испраќа видео само преку iPad 2.
Cnet успеа да ја тестира апликацијата и вели дека видео квалитетот преку Wi-Fi е добар и чист, иако преку 3G е подобро. Најдобар квалитет е кога е разговорот од iPad со десктоп компјутер, наспроти со iPhone. Интересно, немало промена на квалитет, скоро неприметливо е кога видеото е пренесувано преку предната или задната камера на iPad. Проблем, вели CNet, е кога се четува додека се гледа видео, бидејќи делот за текст и тастатурата го покриваат скоро целото видео.
Се очекува Apple да ја одобри Skype апликацијата во вторникот.