Приклучи се на Мапирањето на ИТ индустријата во .мк – издание 2026

8 коментари 4 мин. читање

Дали платите во ИТ индустријата сè уште растат? Колку е тешко денес да се најде работа како практикант или јуниор? Колку луѓе реално користат AI секој ден? Сè уште ли сакаме да работиме remote или се враќаме во канцеларија? Кои технологии растат, а кои полека исчезнуваат?

И можеби најважното прашање: Каква е реалната состојба на македонскиот ИТ сектор во 2026?

Наместо да нагаѓаме, традиционално го објавуваме повикот за четвртото мапирање на македонската ИТ индустрија. Од денеска, IT.mk го започнува Мапирањето на .мк ИТ секторот, издане 2026, четвртото големо истражување преку кое сакаме да добиеме реална слика за луѓето кои работат во македонската ИТ индустрија.

Приклучи се тука -> https://it.mk/map2026

Од 2019 до 2026

Првото Мапирање го направивме во 2019 година. Следуваа изданијата во 2022 и 2024. Податоците се јавно достапни на https://it.mk/mapiranje

Во последното истражување во 2024 учествуваа 2.010 испитаници (за само 24 часа пополнија 1.000!), од кои добивме 1.987 валидни одговори. Тоа ни овозможи да погледнеме многу подлабоко од класичната статистика за „просечна плата во ИТ“.

  • Колкави се примањата според искуство?
  • Кои технологии ги користиме?
  • Какви компании нè вработуваат?
  • Што очекуваме од работодавачите?
  • Работиме remote, hybrid или од канцеларија?
  • Што нè тера да смениме работа?

И тогаш дојде 2026….

Многу работи се сменија

Од една страна, македонскиот ИКТ сектор продолжува да расте со својот outsourcing. Според податоците презентирани од МАСИТ, во 2025 секторот достигнал 1,77 милијарди евра приходи и 676 милиони евра извоз, односно зголемување за 7% споредбено со претходната година. Во периодот 2020-2025 бројот на вработени пораснал за 44%, а бројот на компании за 42%. Од друга страна, муабетот меѓу луѓето во индустријата денес звучи многу поинаку…

Глобалниот пазар на ИТ талент се менува, тешко е да се дојде до пракса, вештачката интелигенција презема голем дел од работите, компаниите ја чувствуваат економската криза… А околу платите, вработувањето и иднината на професијата има веројатно повеќе мислења од кога било.

Затоа сакаме повторно да ги замениме анегдотите со податоци.

Што сакаме да дознаеме во 2026?

Оваа година повторно ќе ги следиме клучните показатели за македонскиот ИТ сектор:

  • плати и други примања
  • работни позиции и seniority
  • технологии, programming languages и алатки
  • remote, hybrid и работа од канцеларија
  • промена на работа и очекувања од работодавачите
  • образование и квалификации
  • типови компании и клиенти
  • бенефиции и услови за работа

Но посебен фокус ќе има и на прашањето што веројатно најмногу ја промени индустријата од последното Мапирање: AI. Колку го користиме? За што го користиме? Дали нè прави попродуктивни? Дали веќе менува работни позиции? И дали македонските ИТ професионалци го гледаат како алатка, можност или закана?

Процесот на прибирање на податоци за истражувањето го планираме да трае иницијално 5-6 недели, зависно од заинтересираноста и тоа колку луѓе ќе одговорат, а ако побрзо дојдеме до таргет бројката (~2.000+ испитаници) побрзо и ќе го комплетираме прибирањето и ќе се префрлиме во следната фаза – обработка (3-4 недели) и после тоа резултатите ќе ги презентираме јавно – бесплатно!

Истражувањето ќе има три клучни процеси:

  1. Прибирање на податоци
    преку https://it.mk/mapiranje (преку промоција и покана до компании, групи и сл.)
  2. Обработка на податоци
    во соработка со Data Masters
  3. Објавување на податоци
    бесплатно на IT.mk

Податоците ќе бидат достапни и во RAW формат – бесплатно за академскиот сектор и индивидуалци кои ќе ветат дека нема да ги користат за комерцијални цели. А за комерцијално користење ќе има можност да се закупи комерцијална лиценца која ќе дава права за користење во такви цели без ограничувања. Исто како што правевме и изминатите години. Она што е многу важно е дека истражувањето е АНОНИМНО бидејќи прашуваме и бројка за нето примања. Како алатка за прибирање на податоците ќе ја користиме Google Forms, а од сите вас бараме да играте фер-плеј и заедно да придонесеме кон податоци кои утре сите ќе може да ги користиме.

Ни требаат твоите 5-10 минути

За Мапирањето да има вредност, потребни ни се што повеќе реални одговори од луѓе кои работат во секторот. Програмери, систем администратори, DevOps, QA, дизајнери, product луѓе, project managers, data professionals, cybersecurity, marketing, support, founders и сите останати кои се дел од ИТ индустријата.

Анкетата е анонимна.

Нè интересираат податоците за индустријата, не кој ги дал.

ПРИКЛУЧИ СЕ ВО МАПИРАЊЕ 2026

Одвој 5-10 минути и помогни ни повторно да добиеме реална слика за македонскиот ИТ сектор.

Колку повеќе одговори собереме, толку подобро ќе можеме да видиме каде навистина се наоѓаме во 2026. И кога за некој месец повторно ќе започне дискусијата дали „ИТ секторот пропадна“, дали „сите земаат 3.000 евра“ или дали „AI ќе нè замени сите“… барем ќе имаме бројки.

Приклучи се тука -> https://it.mk/map2026

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Forum replies (8)Kоментари на статија (0)

Се вчитуваат нови одговори…

Fatal1ty_

Großmeister

23,864 пораки 34,132 лајк

Кога ќе почнат да лажат сеа дека не користат АИ ...па па па :)

одговори 3 лајкови

Ragnar

poweruser

2,614 пораки 3,267 лајк

Одговорив искрено. Од анти-АИ до пред некој месец, станав АИ ентузијаст. Едноставно кажано - ако не можеш да го победиш, придружи му се.

одговори 1 Like

JasSum

poweruser

2,662 пораки 3,256 лајк

Кога ќе почнат да лажат сеа дека не користат АИ ...па па па :)

Прашалникот со аи ли е правен што има толку халуцинации?

одговори Лајк

D

Администратор

4,129 пораки 4,335 лајк

Прашалникот со аи ли е правен што има толку халуцинации?

Што е халуцинација?

одговори Лајк

Ragnar

poweruser

2,614 пораки 3,267 лајк

Имаше прашање со одговор кој го вклучува зборот халуцинации.

одговори 1 Like

D

Администратор

4,129 пораки 4,335 лајк

Имаше прашање со одговор кој го вклучува зборот халуцинации.

ОК тоа, ама не го сфаќам контекстот на муабетот... алудира на тоа дека е AI генериран прашалник со "толку халуцинации".
Ме интересираат што се халуцинациите

одговори 1 Like

Cypher

hello world

294 пораки 134 лајк

Зошто многу од одговорите кои има смисла да се multi-choise се само single-choice?
1786786261463.png

одговори 4 лајкови

D

Администратор

4,129 пораки 4,335 лајк

Зошто многу од одговорите кои има смисла да се multi-choise се само single-choice?
Погледнете го атачментот 164093

Good catch, сменето е алатки во алатка. И да, можеби за прашањево покорисно е да е multiple-choice на прва, ама сега е прекасно за промена, имаме повеќе од 300 одговори веќе.

Инаку, кај повеќето вакви прашања намерно бараме примарна/главна алатка или технологија што се користи. Затоа дел од нив се single-choice, за да можеме да измериме примарно користење, прв избор и доминантна технологија, наместо само дали некој некогаш користел нешто. Кај прашањата каде што ни е важно да ги видиме сите алатки што се користат паралелно, имаме multi-choice.

одговори Лајк

Дискусија

Дискусијата продолжува во поврзаната форумска тема.

Отвори ја темата и коментирај
Мени
Заедница
Изглед