Од идеја до платформа: Жените претприемачки ја обликуваат HalkWomen.mk на хакатон во Скопје

0 коментари 2 мин. читање

Халкбанк АД Скопје, во соработка со Women in Tech Macedonia, организира Хакатон HalkWomen. Настанот ќе трае од 9:00 до 13:00 на 19 ноември, во Централата на Халкбанк на ул. Водњанска бр. 1/2 во Скопје.

Хакатонот има за цел да вклучи 100 жени на едно место, жени со бизнис, идни претприемачки и експертки. Тие заедно ќе одлучат што треба да нуди новата платформа за поддршка на женското претприемништво.

Хакатонот е првиот чекор во изградбата на HalkWomen.mk, дигитална платформа за поддршка на женското претприемништво. Платформата ќе собере на едно место практично знаење, експертска поддршка, менторство и можности за раст. Денес жените што водат или планираат бизнис ги бараат овие информации на повеќе различни места.

На HalkWomen Хакатонот секоја учесничка има свој глас:

  • Учесничките работат во мешани тимови 
  • Тимовите ги дефинираат најчестите пречки во водењето бизнис и предлагаат решенија што платформата треба да ги понуди.
  • Ментори од финансии, дизајн,маркетинг и дигитализација ги советуваат учесничките како да се водат во процесто на согледување на можностите и проблемите .
  • Жирито ги посетува сите тимови на нивните маси. Секој тим ја претставува својата идеја, без чекање и без трема од голема сцена.
  • Во галеријата на идеи сите учеснички ги разгледуваат решенијата и гласаат за омилените.
  • Идеите од Хакатонот стануваат основа за содржината и услугите на HalkWomen.mk.

Зошто вреди да учествуваш

  • Твојата идеја ја обликува платформата што ќе ја користат жените претприемачки 
  • Добиваш бесплатен совет од ментори за финансии, маркетинг и дигитализација.
  • Награди во повеќе категории: прво, второ и трето место.
  • Секоја учесничка добива сертификат за учество.
  • За едно утро се запознаваш со 100 жени со слични цели.
  • Не ти треба техничко знаење ниту готова бизнис идеја. Дојди со твоето искуство.

Како да се пријавиш

Регистрирај се на овој линк: https://forms.gle/yXCMiuWK6B7aCJDd7. Пополнувањето трае неколку минути. Рокот за пријава е 16 ноември 2026. 

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Дискусија

Уште никој не искоментирал на темава, биди прв...

Мени
Заедница
Изглед