Cursor Macedonia го организира првиот „Build with Cursor: Skopje“ 

0 коментари 2 мин. читање

Првиот „Build with Cursor: Skopje“ ќе се одржи во Netaville на 9-ти септември, како настан посветен на практичната примена на Cursor и алатките за развој со помош на вештачка интелигенција. Настанот има за цел да ја поврзе локалната заедница на програмери, основачи и ентузијасти кои веќе користат ВИ алатки во својата работа и да создаде простор за споделување искуства, идеи и практични решенија. 

„Како официјални амбасадори на Cursor за Македонија, наша задача е она што се случува околу овие алатки да стигнува и до нашата ИТ сцена навреме, а не со половина година задоцнување. Cursor Macedonia го започнавме затоа што кај нас веќе има премногу луѓе кои градат со вештачка интелигенција, но повеќето го прават тоа сами. Сакаме место каде што за една вечер се преминува од идеја до продукт кој работи, покрај луѓе што поминале низ истите проблеми,” велат од заедницата предводена од официјалните амбасадори на Cursor за Македонија. 

Алатките за развој со вештачка интелигенција се менуваат од месец во месец и тешко е да се следат поединечно. Најкорисните работи обично не се напишани никаде, туку се пренесуваат од човек на човек, а како амбасадори на Cursor, тимот има директен канал до компанијата и сака тоа да биде од корист за целата заедница.

Средбите кои се организираат не се секогаш во ист формат. Некои се build days/nights, некои хакатони, а некои Cursor Cafés, кои се поопуштени кафе средби за разговор и размена на лични искуства. 

„Оваа средба е build night. Секој доаѓа со лаптоп и со конкретна идеја што сака да ја изгради или да ја придвижи напред, а на крајот од вечерта има можност да го покаже направеното пред другите. Учесниците добиваат кредити од Cursor и нашите партнери, меѓу кои Render, Netlify, ElevenLabs, Wispr Flow, Exa, Fal.ai и Firecrawl, за да можат веднаш да го пуштат реализираат тоа што ќе го изградат. На крајот заедницата гласа за најдоброто демо, а победникот добива претплата на Cursor Ultra и 2 билети за WhatTheStack 2026,“ додаваат од заедницата.

Долгорочната цел е заедница што не зависи од еден настан. Луѓе што се знаат меѓусебно, што си помагаат и надвор од термините и што ја држат македонската ИТ сцена во тек со она што се случува во светот, порачуваат од Cursor Macedonia.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Дискусија

Уште никој не искоментирал на темава, биди прв...

Мени
Заедница
Изглед