Првото издание на THE FUNDING ROOM посветено на тоа како се привлечат инвеститорите

0 коментари 2 мин. читање

На 5 ноември 2026 година, од 14 до 16 часот во INNOFEIT EDIH во Скопје ќе се одржи THE FUNDING ROOM: PITCH EDITION – практичен настан наменет за стартапи, мали и средни бизнис и и претприемачи кои сакаат подобро да ја претстават својата бизнис-идеја пред потенцијални инвеститори, партнери и извори на финансирање.

Добрата бизнис-идеја е само почеток, и за истата да биде разбрана, запаметена и препознаена како можност, треба да биде претставена јасно, концизно и убедливо.

Токму тоа е целта на THE FUNDING ROOM: PITCH EDITION – да создаде практична средина во која учесниците ќе можат да ја презентираат својата идеја, производ, услуга или бизнис пред искусни бизнис-ментори и да добијат директен фидбек пред да се најдат во реален разговор со инвеститор.

Настанот не е натпревар и не претставува гаранција за инвестиција. Наместо тоа, фокусот е на подготовката: учесниците да откријат што во нивниот pitch функционира, што е нејасно, кои информации недостигаат и како својата приказна можат да ја направат пократка, појасна и поубедлива.

Во текот на сесијата, менторите ќе поставуваат директни и релевантни прашања поврзани со проблемот што бизнисот го решава, понуденото решение, целната група, вредноста на производот или услугата и бизнис-моделот. Целта не е да се оцени дали една идеја е „добра“ или „лоша“, туку секој учесник да добие конкретни насоки што може веднаш да ги примени во својата презентација.

THE FUNDING ROOM: PITCH EDITION е отворен за стартапи, мали и средни компании, претприемачи и тимови со бизнис-идеја во развој, како и за постојни компании што развиваат нов производ, услуга или бизнис-линија.

Повикот не е ограничен на конкретна индустрија. Може да се пријават бизниси и идеи од технологија, производство, услуги, креативни индустрии, трговија, здравство, зелени решенија и други области.

Не е потребен совршено подготвен pitch. Потребни се идеја или бизнис со потенцијал, желба за развој и подготвеност за конструктивен фидбек.

Организаторите посочуваат дека учесниците ќе имаат можност да го тестираат својот pitch во живо, да добијат директен фидбек од искусни ментори, да ја погледнат својата идеја од нова перспектива и подобро да се подготват за идни разговори со инвеститори, партнери и извори на финансирање.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Дискусија

Уште никој не искоментирал на темава, биди прв...

Мени
Заедница
Изглед