Nokia ќе oтпушти 4.000 вработени, Symbian истражувачите ќе бидат префрлени
Nokia ja најави својата трета и четврта фаза од трансформацијата со најава дека ќе отпушти 4.000 луѓе, од вкупно 65.000 вработени, до крајот на 2012-та.
Nokia ja најави својата трета и четврта фаза од трансформацијата со најава дека ќе отпушти 4.000 луѓе, од вкупно 65.000 вработени, до крајот на 2012-та.
Intel го има добиено специјализираниот-за-таблет-компјутери Honeycomb кодот, кој ќе го прилагодат да работи на нивната x86 архитектура.
Денеска Nokia и Microsoft официјално го претставија партнерството што „ќе резултира во нов глобалем мобилен екосистем“. Најважен момент од соработката е што Nokia ќе го отфрли Symbian како оперативен систем за своите паметни телефони, а ќе го замени со Windows Phone.
Nokia претстави нова верзија на Symbian оперативниот систем - Anna, заедно со два нови модели на телефони X7 и E6. Новото е што новиот Anna ќе има побрз прелистувач, подобрено внесување на текст, нови икони и последна верзија на Ovi Store.
Во моментов Symbian е мртва платформа, не е интересна за програмерите бидејќи во 2012-та Nokia ќе престане да продава Symbian телефони и ќе ја замени до-сега-слободната платформа со Windows Phone оперативниот систем.
Тоа што се предпоставува дека Symbian ќе падне до 0,2% во 2015-та не е воопшто изненадувачко бидејќи Nokia веќе најави дека од 2012 нема да произведува Symbian телефони, но според истражувањето на IDC се претпоставува дека Windows Phone 7 ќе завземе дури 20.9% од вкупниот пазар. Ова можеби звучи малку нереални од сегашнава гледна точка, земајќи в обзир дека Windows Phone е нова платформа со мал удел во пазарот и со малку апликации. Сигурно дека на Windows Phone 7 му помага тоа што Microsoft е во партнерство со Nokia, но сеуште нема некои многу поволни услови за толку стабилен раст.
Сигурно досега сте ги забележале оние симпатични и, во најмала рака, импресивни 3D проекции на згради кои во последно време доаѓаат од сите страни на светот. 3D мапирањето според Wikipedia е мапирање на три-димензионални точки на дво-димензионална рамнина. Со помош на оваа техника, може да се добијат навистина интересни 3Д ефекти, кои можете да ги видите во видеата.
Првиот Nokia Windows Phone ќе се појави за една година од сега, вели директорот на Nokia India, Д. Шивакурам додавајќи дека „тие не се откажале од Symbian, туку е време да поминеме на друг оперативен систем.“
Microsoft ќе и плати милијарда долари на Nokia за промоција на нивната мобилна платформа, додека Nokia ќе плати за секоја копија на Windows Phone во своите телефони што би требало да ја направи профиталилна инвестицијата на Microsoft во рок од пет години, колку што е замислена соработката. Додатно Nokia ќе ги намали трошоците за истражување и развој, пишува Bloomberg повикувајќи се на извори кои сакаат да останат анонимни бидејќи договорот се уште не е финализиран.
Последната бета верзија на Firefox 4 е достапна за Android и Nokia Maemo. Оваа петта бета верзија се концентрира на подобрување на перформансите, големи подобрувања има во брзината и стабилноста.
Има други мобилни екосистеми. Ние ќе ги пореметиме!, велат Microsoft и Nokia најавувајќи го партнерството со кое Nokia ќе користи Windows Phone како пример мобилниот оперативен систем за своите телефони и идни таблет компјутери, ќе го користи Bing како пребарувач, Microsoft ќе користи Nokia Maps, и двете компании ќе работата на идни идеи за развој на апликации и мобилни уреди.
ReadWriteWeb го најавија софтверот кој за првпат ќе биде презентиран во живо на Mobile World Congress во Барселона следната недела, а ќе овозможува Android апликации да работат на не-Android телефони. Компанијата за мобилна технологија која го овозможува овој софтвер се вика Myriad, а софтверот се нарекува Alien Dalvik.
Само две години од објавувањето, Android на Google стана најпродаваниот оперативен систем за паметни телефони во светот, надминувајќи го Symbian на Nokia, се вели во истражувањето на Canalys.
Финските истражувачи на Nokia го направија Ubice,„екран“ на допир од блокови лед. Тие проектираа слики на блоковите лед големи 50 cm и дебели 25cm, и користеа проектор, скоро инфрацрвени светла и камера да ја одредат позицијата и движењата на рацете.
Над 80.5 милиони паметни телефони уреди се продадени ширум светот во третиот квартал на 2010, што е 96 отсто пораст oд истиот период лани, вели Gartner.
„Мобилните ни станаа нашите персонални компјутери, секогаш со нас и секогаш спремни за да се блогира нешто со нив.“ вели Исак Кејет од Wordpress во блог пост кој го слави 1 милионитиот мобилен корисник од сите платформи.
Vip Хрватска во соработка со Nokia стартува предизвик за хрватските програмери да креираат Symbian апликации во WRT или Qt фрејмворк.
HTC најави прес конференција во истиот Лондон каде се одржува долгопланираниот Nokia World настан. Звучи агресивно, нели? Но, не како брзата реакцијата на Nokia. Финската компанија им упадна на HTC конференцијата со црвени балони при тоа делејќи им на новинарите „Опрема за преживување на HTC прес конференција“.
Consipracy for Good e прв проект за интеракција на реалниот свет со проширената (аугментирана) реалност. Познат како „трансмедиа“ забава Conspiracy for Good e авантура или модерен трилер во кој е вклучена публиката која преку веб, мобилните апликации и задачи од реалниот живот му помага на активист да открие корпорациски криминал. Проектот е дело од Тим Кринг, креаторт на популарната телевизиска серија Heros, во соработка со Nokia.
Intel и Nokia отворија лабораторија за истражување на 3Д мобилен интерфејс со виртуелна реалност. Во лабораторијата ќе бидат истражувачи од двете компании кои ќе работата на МееGo мобилниот оперативен систем на Intel и Nokia.