Conspiracy for Good, која се случуваше во Лондон, ги ангажира играчите да излезат на улиците и да се сретнат со главниот лик кој ќе им даде тагови со понатамошни траги кои се појавуваат преку камерата на мобилниот телефон. Пример, ја насочувате камерата кон телефонска говорница и со апликацијата за проширена реалност добивате информации за следниот чекор. Или наоѓате симбол на златно куче, го скенирате со апликацијата и добивате информација за каде треба да одите понатаму.
Со вклучување во приказната, публиката всушност придонесуваат да се изгради на библиотека во Замбиа, која ќе се наполни со книги и ќе даде 50 стипендии на студенти.
„Возбудливиот дел за учесниците е дека тие имаат интеракција со позадината на градот. На многу начини, вашата околина станува виртуелно место каде се одигрува приказната.“ вели г. Кринг за BBC Click.
Интересно дури има поставено и веб сајт и Twitter профил на измислената злобна организација BlackWell Briggs. Има и Facebook страна преку која се протестира против компанијата што е клучен заплет во играта, пишува Џо Бест од Silicon.com во чиј текст ќе најдете подетални информации за Conspiracy for Good и како функционира целиот концепт.







