0 коментари 2 мин. читање 17 март, 2011

Првиот Nokia Windows Phone ќе се појави во 2012-та

„Отприлика во следните 12 месеци ќе видите телефон од тој систем [Windows Phone]. Но Symbian ќе остане за следните 150 милиони уреди кои планираме да ги продадеме глобално. Ќе има транзиционен период, како и кај секој бизнис. Ќе го тргнеме Symbian во околу две години.“, вели г. Шивакурам за индискиот Economic Times.

Соработката меѓу Nokia и Мicrosoft вклучува не само користење на оперативен систем и хардвер, туку и развој на апликации и нови технологии што е потребно доколку двете компании сакаат да останат конкурентни на пазарот за паметни телефони. Соработката звучи нелогично ако се земе в обзир дека Windows Phone има само 3 отсто, додека Symbian 31% од пазарот на паметните телефони, но се работи за идниот потенцијал. Microsoft комплетно го редизајнираше својот мобилен оперативен систем за да одговара на модерните барања, додека Symbian заглави со функционалноста и бројот на апликации.

Покрај соработката. Nokia во наредниве години планира да се поврзе со „следната милијарда“ корисници, се уште има 3.2 милијарди луѓе кои немаат мобилни телефони, почнувајќи од Индија како огромен потенцијален пазар.

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top