Gmail ќе добие нов дизајн
Gmail си доби комплетно нов изглед што се наликува со Google+ дизајнoт. Новиот изајн ќе се пушта постепено во наредните месеци, но Google објави две теми, достапни од Тhemes табот во Gmail, кои ќе го прикажат новиот дизајн.
Gmail си доби комплетно нов изглед што се наликува со Google+ дизајнoт. Новиот изајн ќе се пушта постепено во наредните месеци, но Google објави две теми, достапни од Тhemes табот во Gmail, кои ќе го прикажат новиот дизајн.
<Надополнето 05.07.11> Facebook се обидува да ја
Како што се повеќе корисници се „закачуваат“ на Интернет, така веб сајтовите ќе забележуваат се поголеми посети и користеност, посебно огромните интернет компании како Googlе кој стана првата компанија која забележа 1.009.699.000 посетители на своите веб сајтови во мај, според comScore, компанија која следи веб податоци.
Кампањата со spear phishing и злонамерен софтвер, која ги таргетирала американските службеници, кинески активисти и службеници од азиски земји кои користат Gmail, потекнува од Џинан, град во Кина. Но, Кина негира дека е вмешана во пробивањето на Gmail сметките, додека ниту Google nе ја обвинува Кина бидејќи е лесно да се замаглат трагите на Интернет.
Google го претстави people виџетот за истакнување на пријателите и луѓето со кои се допишувате, односно на лева страна на Gmail добивате повеќе информации за која е личноста, за нејзиниот телефонски број, споделени документи и линкови меѓу вас и корисникот, заеднички календар и други лични детали за корисникот и дискусијата.
Google ја објави Docs апликацијата за Android, со која може да се креираат, едитираат, споделат и закачат на веб документите од телефонот. Апликацијата дозволува и соработка на документите во реално време, т.е блиску до тоа.
Google се пошегува за 1-ви април дека Gmail може да се користи со движење, наместо тастатура и глувче. Идејата за такво користење на сервисот беше смешна, но не и невозможна. Инспирирани од шегата истражувачите од Институтот за креативни технологии при Универзитетот на Јужна Калифорнија се решија да ја претворат во реален софтвер.
Google ја обвинува Kина дека се плетка со работата на Gmail сервисот со цел да спречи интернет активисти да организираат „јасмин револуција“ налик на неколкуте што се случија последниот месец во Тунис, Египет и Либија.
<Надополнето> Google ги поврати податоците од сите оштетени мејлови велејќи дека покрај онлајн складиштата за податоци, тие истите ги чуваат и на лента.
Отсега, освен што може да зборувате со вашите MSN контакти, ќе можете да зборувате (чет) и со вашите Facebook пријатели преку вашето Hotmail сандаче. „Бидејќи Gmail не претрка донесувајќи ја комуникацијата преку инбоксот, ние отидовме чекор понатаму и ги донесовме и нашиот чет и Facebook четот во Hotmail", вели Microsoft претставувајќи ја опцијата која сега стартува глобално. Оваа опција досега можеа да ја користат само шест региони, а отсега е овозможена глобално. Од кога е објавена оваа можност, 2.5 милиони корисници ги поврзале своите Hotmail профили.
Сега кога ќе добиете нов Gmail мејл или нова чет порака ќе бидете известени преку pop-up нотификација во ќош на прелистувачот, во моментов само за корисниците на Chrome, другите прелистувачи ќе мора да почекаат.
Gmail ја направи достапна за сите Gmail delegation опцијата, претходно само за Google Apps корисници, со која може да дозволите пристап на други до сопствениот Gmail инбокс.
Многу е незгодно кога кога ќе избришете контакт на кој треба да му пратите мејл во момент, а тој мејл е тешко да се најде. Затоа Gmail добива опција за се поврати листата на конктакти до 30 ден.
Мozilla Labs го претставија F1 додатокот со кој можете да постирате содржина на Twitter и Facebook или да праќате мејлови преку Gmail. F1 е се уште во експериментална фаза, но може да биде интересно решение како замена за копчињата за споделување или за неодамна објавениот прелистувач за друштвени мрежи Rockmelt.
Google го смени Contact API-то да не дозволува трети, надворешни сајтови да извлекуваат Gmail податоци на сервиси кои не дозволуваат споделување на податоци. Тоа значи дека сега нема да можете да ја користите автоматската опција за додавање пријатели од други сервиси на Facebook. Но, како за инает на Google, Facebook најде начин како да ја заобиколи блокадата користејќи се со Gmail решение.
Интернет гигантот им прати на сите Gmail корисници имејл во кој го објаснува резултатот од судскиот спор против него заради пропустите во приватноста на Google Buzz.
По Gmail и Yahoo, сега и Microsoft претстави опција за Hotmal со која ќе може да се менаџираат мејловите од другите сервиси.
Директорот на Google, Ерик Шмит потврди дека друштвената мрежа Google Mе ќе се појави оваа есен. Мрежата за која Google купуваше сервиси летово, треба да стане конкурент на Facebook. Но наместо да стартува цела платформа, Google ќе започне да стартува поединечни „слоеви“ од друштвената мрежа.
Gmail пред некое време доби Priority Inbox опција која помага за полесно прегледување на пораките. Мејловите можат да се категоризираат на важни, непрочитани, омилени итн... сервисот е супер бидејќи „учи“ за важноста на пораките според вашето читање.
Google воведува опција за приоритетно сортирање на мејловите на 'важни и непрочитани', 'омилените' (означени со ѕвезда) и 'сите останати'. Покрај овие категории, преку опциите за Priority Inbox може да се додадат уште персонализирани категории. Тоа што е интересно за системот е што постепено учи кои мејлови се важни според тоа како ги читате.