1 коментар 1 мин. читање

Дозволете пристап на други до вашиот Gmail

Опцијата е корисна за споделување мејлови и контакт листи со соработници или фамилијата. Пример, може да се сетира еден мејл да им дозволи на два други Gmail мејлови да имаат пристап, и тој, првиот мејл да биде вид заедничко сандаче. Може да послужи и како родителска контрола врз детското Gmail сандаче.

Има две ограничување. Сите мејлови мора да бидат Gmail, не може да дозволите пристап на Yahoo, Hotmail или друг корисник. И второ, корисникот кој ќе добие пристап не може да менува опции, лозинки и друг детали од првичниот мејл. Но може да се одговара на и праќа имејл пораки од првичниот имејл.

Додавањето (и тргање) на пристап е лесно за местење, отидете на Settings -> Аccounts -> Grant access to your account.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Коментари

1 коментар

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top