Gmail доби Priority Inbox опција за сортирање мејлови

1 коментар 1 мин. читање

„Gmail користи разни сигнали да препознае кои пораки се важни, вклучувајќи ги луѓето на кои им пишувате најчесто (ако му пишувате на Боб често, тогаш порака од Боб е најверојатно важна) и кои пораки ги отварате и на кои одговаратe (тие се поважно од оние кои ги прескокнувате). И како што го користите Gmail, така тој ќе биде подобар во категоризирање на пораките за вас.“ вели Google.

Освен самиот систем, има и копчиња + и за со кои Gmail корисникот ќе може да ги сортира пораките самиот по потреба.

При првото логирање во Gmail Priority Inbox бета се појавува во горниот десен агол и е потребно да се кликне и вклучи. Google ја стартува опцијата постепено во текот на неделава ќе биде достапна за сите корисници.

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Коментари

1 коментар

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед