Според Google, кинеските корисници и рекламни агенции постојано пријавувале проблем со праќање пораки, означување на истите како „прочитани“ и други проблеми.
„Нема проблем од наша страна. Се провериме опширно. Ова е владино мешање дизајнирано да изгледа како проблем со Gmail.“, изјави портпарол од Google додавајќи дека ова не е предизвикано од земјотресот што се случи во Јапонија.
Google и претходно имаше „недоразбирање“ со Кина, кога пред година дена откри дека им е хакнат системот, по што постави напомена на Google.cn дека пребарувањето не е комплетно заради локалните закони.
Кина е позната по својот „Голем огнен ѕид“ со кој блокира содржина и сајтови кои властите ги сметаат за несоодветни. YouTube, Facebook и Twitter веќе се цензурираат за 450-те милиони интернет корисници, најголемиот интернет пазар во светот.