Echoes World е iOS игра која ги стимулира сетилата, го зголемува фокусот, ги подобрува вештините за геометрија и архитектура, и ја проширува реалноста. Echoes World беше на 1 место за најпродавана игра во Хрватска, Бугарија и Македонија, а и на топ 10 место во Холандија. Echoes World се најде и на насловната страна на најголемиот веб сајт за iOS игри – Touch Arcade. Echoes World е продукт на македонски девелопери, со седиште во Холандија. Она што следи е нашето интервју со еден од членовите на Maximus Ludos Studios – Иво Јаневски!
За Maximus Ludos Studios
Кажете нѝ на кратко за Maximus Ludos Studios, од кого е составен тимот, колку време постои, каде е седиштето и дали сте работеле на некои претходни проекти (игри или слично на тоа).
Здраво, пред сè би сакал да се заблагодарам на поканата за ова интервју. Значи MLS е составен од многу визионерски настроени дечки: Пепо, Иван, Жанко и јас – Иво Јаневски. Јас, како најмлад и најенергичен, бев иницијатор и основоположник на целата приказна, останатите влегоа на бродот и сè друго е историја.
Ние, како тим кој се води под името Максимус Лудос Студио, веќе функционираме повеќе од една година. И можам да потврдам дека за тој “timeline”, воспоставивме една одлична, пред сè работна, но и многу пријателска и топла атмосфера.
Седиштето на MLS остана таму каде и што се створи, Амстердам, но повеќе го гледаме како бизнис нетворкинг поинт, а Македонија е креативното тло.
Сите во МLS, биле поврзани со оваа работа и претходно, но индивидуално. Ова е нашиот прв проект на кој работиме сите, како Maximus Ludos Studios.
Колку е тешко да се биде развивач на игри од Македонија?
Во оваа глобализација, веќе не е важно од каде доаѓаш, сè додека имаш да понудиш квалитетен продукт на пазарот. Брендот и имиџот многу лесно во денешно време може да изгледаат светски во секој аспект. Тешкото е што во Македонија ги нема контактите, конференциите и meet-ups, нема довололно share knowledge. За да бидеш дел од елитата секако треба да поминуваш многу време во Амстердам, Берлин или Израел.
Кои се најдобрите моменти поврзани со професијата?
Па, пред сè, едни од најдобрите моменти во оваа професија, се тоа што можеш на корисниците да го покажеш она што го замислуваш, преку интеракција да им дозволиш да видат парче имагинација од твојот ум. И, нормално, секогаш ќе има корисници кои на некој начин играта што си ја развил ти, ќе ја користат како излез од реалноста. Исто, и самата дружба помеѓу тимот ја прави целата професија да биде уште по интересна и интерактивна.
Која е вашата омилена книга, филм и игра?
Па би селектирал повеќе книги, од типот на: “Homo Deus: A Brief History of Tomorrow”, “Harry Potter” & The Chronicles of Narnia
Филм, без размислување – “Lord of The Rings” – ЦЕЛА ТРИЛОГИЈА, БЛУРЕЈ!! :)
За игри… Тоа тешко да одвојам, ама прва би – “The Witcher 3 Wild Hunt”.
За Echoes World
На кратко за Echoes World, зошто би ја играле? :)
Зошто е моја! :) Шала на страна, самата игра по себе, има мека и мистична атмосфера, без силни бои, без гласна музика, музиката е многу мирна и сентиментална. А, и е многу интересна и по самата приказна. Заклучок : Би ја играл, бидејќи на еден начин претставува интерактивен излез од реалноста. Hint: Играта не е лесна и треба упорност. Но, треба да се напомене дека примарната целна група на Echoes се аутистични дечиња, и повеќе би сакале да ја нарекуваме Helper отколку игра за нив.
Од каде интересот за ваква игра?
Интерактивен производ преку кој твојата имагинација допира до корисниците. Интересот секогаш и беше присутен, посебно бидејќи и пораснав со видео игри. Но, прецизно зборувано за “Echoes” (пробај ја, види за што зборуваме), беше некако “дел од моментот“ креација. Ја размислував повеќе време, како и што би било, Пепо ми даде неколку идеи и правци на кој би можеле да ја развиваме, и од прилика сè се склопи перфектно. Клучен момент беше спојот на креативниот момент и детерминирање на целната niche група.
Дали вие го пишувавте кодот, или користите туѓ енџин? Колку е тешко таквото нешто?
Кодот е напишан од Иван, и е користен заедно со Unity. За тешко, сè е тешко. Секоја планина, своја тежина. Тешко или не, на крајот се исплатеше. И секогаш ќе се исплати. Како и за кодот, така и за уметничкиот дел. Сите скици, цртежи се рачно направени од Жарко, мапите се исто така рачно склопени, така што немавме “рандом“ map generator. Концептот и музиката е компонирана од мене, и е запазен секој сегмент на мистичност и релаксација, бидејќи во самиот старт целевме кон тоа.
Со кои елементи од играта највеќе се гордеете?
Со сите. Буквално, ако се прашувам јас, никогаш не би одбрал едно како омилено. Секој во тимот ја заврши својата работа ефективно и ефикасно. Кодот, дизајнот, музиката, маркетингот сè беше изведено брзо и прецизно. Но, кога би МОРАЛ, би го избрал Build your own level – во овој дел ја направивме Echoes да биде self-sustainability. Самите корисници го креираат контентот и мапите и се предизвикуваат едни со други.
Кој е најпроблематичниот или, можеби, најсмешниот баг кој ви одземал најмногу време и ресурси за исправање?
Кога ни откажа Админ Панелот, на неколку часа пред официјалниот Release, тоа беше дефинитивно еден од нај испаничаните моменти и смешни во исто време. А најпроблематичен би рекол во почетната фаза на самиот проект, кога дојдовме за идеата “Build your own level”. Можеби не можам да одвојам конкретна ситуација со баг, но можам да кажам дека додека работевме на тој сегмент, неколку пати се најдовме во една малку проблематична ситуација. И научивме една силна лекција – не постои проблем што не може да се реши!
Echoes World ветува стимулирање на сетилата, зголемување на фокусот, подобрување на вештините за геометрија и архитектура, како и проширување на креативноста. Што преземавте за да го овозможите сето тоа во еден интерактивен пакет?
Така, значи Echoes World се темели на идеата да им се помогне на аутистичните дечиња, кои имаат проблеми со фокусирање, со учење на основни и секундарни бои, да им ја подобри меморијата преку мини игрите во самата апликација т.е. Меморија и Слагалица. Сето ова е проследено со мирна музика, и со меки бои и атмосфера. Додека, по завршувањето на 10 нивоа кои се вклучени во приказната (Campaign Levels) се отклучува “Build“ сегментот, каде што со помош на дадените елементи, врати, клучеви и мини игри, корисникот може да направи своја мапа, која потоа може да се игра Online.
Дали можеме да очекуваме нови механики и елементи во идните надградби?
Веќе се работи на истото, значи подготвивме уште еден свет, каде што Еchoes (карактерот) се наоѓа пред еден мистичен замок. Тоа ќе отвори нова прилика за нас, да ја надоградиме играта уште повеќе со музика, нови дизајни и секако нови мисии и цели.
Дали моментната верзија на Echoes World премногу се разликува од вашите првични планови и има ли одредени механики кои навистина сакавте да ги имплементирате, но на крајот решивте да одите со нешто поразлично?
Тешко прашање хахахахаха. Првичната верзија на Echoes World беше ТОТАЛНО, спротивното од последната и официјалната верзија на играта. Првата верзија воопшто и немаше приказна позади неа, туку беше едноставен лавиринт, во кој со помош на комбинирање на бои можеш да го најдеш излезот од истиот лавиринт. Потоа се направија нови идеи, за приказна, која ќе го долови мистичниот момент, на музиката во позадина. Механиката која беше клучна за Echoes е “Build your own level”. Да, беше малку проблематично со целиот концепт, и беше тешко. Но, се исплатеше.
Зошто се решивте вашиот продукт да го пласирате на платформата на Apple? Дали ќе можеме да ја видиме играта на некоја друга платформа, како Android, или, можеби, Steam?
Да, играта ќе биде достапна за корисниците за Андроид и Стеам. Официјалниот датум за нивното дебитирање, ќе биде наскоро објавен. Од друга страна, продуктот го пласиравме на iOS, бидејќ маркетинг стратегијата се темелеше на Apple Pitch – која бара екслузивност на стартот на нивната платформа.
Дали планирате и јазична локализација на македонски или некој друг јазик?
Да, тоа е во план. За сега идеата беше да се локализира на Француски, Германски, Руски и Кинески.
Во еден момент, забележавме дека Echoes World беше на 25-то место во Puzzle категоријата со платежни апликации, како сте задоволни од продажбата и реакциите на фановите?
Чувството во тој момент, е бесценето. Бевме и 1 место, во Хрватска, Бугарија и Македонија. Топ 10 во Холандија. Се најдовме и на врвот во категоријата на Авантуристички Игри. Особена чест беше да ја видиме Echoes на насловна страна на Touch Arcade – најголемиот вебсајт посветен на iOS games.
Задоволството е големо. Се надевам дека сите корисници и фанови, на самата апликација, не беа разочарани и беа задоволни со самиот развиток на играта.
Кои се вашите идни планови? Дали планирате да запливате и во води кои не припаѓаат на maze-puzzler жанрот?
Тука е најубавиот момент во овој тип на работа. Идеите се безконечни. Просторот за други “води“ има и тоа е голема веројатност дека во иднина и ќе се случи. Многу пати размислувам за малку и поголеми проекти, кои што за сега се само фантазија, но се надевам дека и тој степен полека ќе дојде, каде што Maximus Ludos, ќе почне своја малку и по голема игра (AAA Game). Нешто поконкретно во овој момент е соработката со неколку графити артисти од Скопје, Амстердам и Лондон и пробување на Азискиот пазар, проект поддржан од Ebay, се надеваме ќе можеме да ве информираме во скоро време.
Совет за моментните или идните девелопери на игри од или во Македонија?
Идеите и имагинацијата се клучни! Колку и некоја идеа да звучи нереално, и тешко за изведување, никогаш не ја оставајте. Максималната посветеност, желбата и љубовта кон Видео Игрите, се главната алка. И посветете огромно внимание на промоција на играта, бидејќи без разлика колку играта е добра, без соодветна Маркетиг стратегија ќе се изгуби во дневниот метеж од 3000 игри објавувани.
Тимот на it.mk силно верува во вашиот продукт и со нетрпение го следи понатамошниот развој, ви благодариме за искуството кое нѝ го пружате со Echoes World!
[…] студио Maximus Ludos Studios, најдобро познато по нивната игра Echoes World смета дека […]
[…] и како се движел креативниот процес нѝ беше дарежливо пренесен од еден од членовите на студиото, Иво […]
[…] Оваа преубава игра се наметнува како наслов кој на уникатен начин вклопува добро познати активности со бои и меморија и допринесува до интерактивно стимулирање на сетилата. Како резултат, играчите работат кон зголемување на фокусот, како и подобрување на вештините за геометрија и архитектура. Играта беше топло прифатена од iOS корисниците од целиот свет, до таа мера да Echoes World во еден момент се најде на 1 место за најпродавана игра во Хрватска, Бугарија и Македонија, а и на топ 10 место во Холандија. Атмосферата за тоа како се има оформено студиото и како се движел креативниот процес нѝ беше дарежливо пренесен од еден од членовите на студиото, Иво Јаневски. За целото интервју можете да се информирате тука! […]
Odlicna Prikazna!
Vi posakuvam uspeh.