Не е никаква тајна дека сме огромни фанови на Workbench Entertainment, особено на нивното чедо, Wounded. По серија неуморни исправки и надградби, Wounded – The Beginning нуди значително подобро искуство и целосно ја оправдува довербата која ја вложивме во нив. Како и со сите успешни почетоци, Workbench не седи со скрстени раце и работат на целосно нов проект.
Ако Wounded беше прва македонска хорор игра, Wolfsbane се заканува да биде прва македонска co-op / multiplayer игра. Главен фокус е издвојување победа преку тимска работа и брзото мислење. Во селото Вудпајн собирате најразлични работи сè додека не се стемни. Падот на мракот го означува издигнувањето на врколакот, а со тоа и вашата епска борба за преживување.
Секој од ликовите има уникатни способности кои помагаат за подобрување одбрамбени механизми, побрзо комплетирање одредени процеси или пак поефикасно привлекување на вниманието на врколакот. Од она што го прочитавме се чини дека дочекувањето на зората нема да биде возможно без конструктивна комуникација и мислење „од нозе“.
Не се знае за кога е предвидено излегувањето на Wolfsbane, но тоа никако да не ве спречи да ја проверите играта на Steam, како и да ја додадете во вашата wish листа!
[…] […]
[…] можевте да прочитате и да го погледнете трејлерот за Wolfsbane новата игра на […]