Пред неколку години Енди Милојкоски започна со дизајнирање на игра за паметен телефон. Rainy Blobs беше кул игра инспирирана од јапонски сложувалки. За жал, играта не стигна до мобилните платформи и беше редизајнирана за PC, OS X (сега macOS) и Linux.
„Андроид верзијата е идентична со Steam верзијата. Има некои неприметливи оптимизации за да работи подобро на послаби уреди. Целосната верзија има интегрирано Play Services за глобални Achievements и Leaderboards. Исто така, на Steam е достапно демо за сите три платформи“, вели Енди Милојкоски.
Rainy Blobs стана првата македонска видеоигра на Steam, а играта стигна и до Itch.io и до Xbox. По неколку години Rainy Blobs конечно стигна и на платформата за која беше замислена. Играта конечено е достапна на мобилните платформи и може да се преземе од Google Play. Играта беше замислена како мобилна апликација, но досега не успеа да дојде до телефоните.
Raining Blobs на Android e достапна во две верзии, полна верзија која е целосно отклучена и демо верзија која има ограничувања. Играта има можност и за играње со гејмпат кој корисникот може да го прилагоди на своите навики.
„Во демо верзијата може да играте и видите буквално се што нуди играта, но има ограничувања до каде може да одите при играње“.
Ако досега не сте ја пробале играта, ова може да биде супер пригода да ја испоробате и малку да се релаксирате.