До пред неколку години, беше исклучително тешко да се објави игра на Steam. Мораше да се поминува низ тајни процеси на верификација и проверка на квалитет. Би можеле да кажете дека беше скоро невозможно да се пробие македонски развоен тим. Со Steam Greenlight, вратите на криптичната сегрегација малку се под отворија, и на најпосакуваниот фронт испливуваа и игри гласани од заедницата. Но, ако Valve нешто сака, тоа е целосна доминација на пазарот и понуда на апсолутно сè што може да се ископа од оваа дигитална форма на забава. Со Steam Direct се случи токму тоа, и сите со игра и 100 долари можат да се најдат на Steam и да се втурнат во понатамошна борба за сенката. Од една страна, ова е повеќе од одлично; им овозможува на македонските девелопери отскочна штица за која можеше само да се сонува до пред неколку години. Знаејќи го ова, тешко е да не се чувствувате посебно горди на Raining Blobs. Колку што ние знаеме, оваа македонска успеа да се издигне во време кога и најжилавите не успеваа. Покрај Steam, оваа предизвикувачка, аркадна игра на Енди Милојкоски, им стои на располагање и преку платформите на Itch.io, Xbox, но и Google Play.
Би можеле да помислите дека тоа е сосема доволно.
Ако Raining Blobs има една работа за извоз, тоа е релаксација во најсуптилна можна форма. Од 20 декември, и сопствениците на Xbox One ќе можат да се уверат во ова. Енди, по се изгледа, не е задоволен со држење еден рекорд. Raining Blobs беше првата македонска игра на Steam. A, за неполни две недели, ќе биде и првата за конзолата на Microsoft.
Raining Blobs ќе чини 10 долари, но ќе можете да се втурнете и во пробна верзија од играта на начин кој, претпоставуваме, ќе биде сличен со моментната ситуација на Steam, каде покрај основната игра, имате на располагање и демо. Во меѓувреме, оние кои имаат верба и сакаат да ја поддржат играта, можат да започнат со предвремени нарачки.
[…] на располагање, не само на Steam, туку и преку Itch.io, Xbox, Xbox One, и Google Play. Брзата, адреналинска и шаренолика забава се […]