Имате време кое сакате креативно да го искористите со решавање предизвикувачки загатки? Во тој случај, можеби не е лошо да го подготвите вашиот телефон за Puzzle Hub – колекција од седум феноменални игри кои бараат активирање на вашите сиви ќелии за издвојување максимална победа!
Преку чист и минималистички (читај: зен) интерфејс кој во ниеден момент нема да ве борбардира со наметливи реклами, Puzzle Hub нуди започнување една од седум класични игри. Се работи за добро позната колекција од логички игри чии загатки произлегуваат од манипулација со букви, слики и броеви. На располагање ги имате Sudoku, Word Search/ Snake, Minesweeper, Cross Sum и, Futoshiki, како и Color Link.
Која игра и да одберете за пофалба е огромната моќ на едноставниот, чист дизајн кој ве зграпчува уште во самиот старт и ви дозволува целосно да се препуштите на играта и максимално да се фокусирате на она што е пред вас. Се е баш онака како што сакате и каде сакате. Единствени реклами кои се провлекуваат за време на играњето се премногу мали и дискретни и во ниеден момент не нѝ засметаа.
За секоја игра имате туторијал, а доколку заглавите можете да активирате паметен систем од хинтови, кои не ви го кажуваат само одговорот, туку и ви објаснуваат зошто и како е дојдено до одговорот, како би станале подобри во играта и ги избегнете истите грешки во иднина. Бројот на навестувања е ограничен, но можете да активирате дополнителни hint-ови или со гледање реклами или, доколку сте нестрпливи или пак сакате да го наградите авторот, можете да купите пакет од хинтови.
А, кога сме кај авторот, Јован Јовановски стои зад оваа феноменална апликација и нѝ има ветено уште многу надополнувања во форма на дополнителни игри и функции за играта. Во меѓувреме, имаме и повеќе од доволно игри за замислување.
Puzzle Hub е достапна на iOS и Android.