3 коментари 7 мин. читање 31 јули, 2024

The Sims 4: Lovestruck – Љубов на дигитален начин!

Месецот јули го почнавме на висока нота, особено во поглед на серијалот симс. Покрај тоа што секоја претходна сабота пишувавме за дружење со домашни миленичиња, исполнителен летен островски живот, како и максимално искористување на годишните времиња, на ред дојде и, вака, вонсериски, да поразговараме за најновата, штотуку излезена експанзија за The Sims 4. Lovestruck експанзијата излезе на 25 јули и понуди значително подлабоки можности за негување на вашата романтична страна со вашата подобра половина.

Љубовта е насекаде околу нас!

Љубовта можеби е насекаде околу нас, но, како што и кажува трејлорот, некои навистина не можат да ја пронајдат. За таа причина, првата поголема функција во The Sims 4: Lovestruck e воведување на дигиталната апликација Cupid’s Corner. Слично на апликациите за запознавање како Tinder и Bumble, Cupid’s Corner им дозволува на вашите ликови да пробаат да ја пронајдат нивната сродна душа така што ќе направат профил и ќе ја започнат динамичната игра на ловец (или плен).

Доста голем акцент се става на целата, ахем, WooHoo ситуација xD

Креирање на профилот е автоматско и со сервирање увид во сексуална ориентација на вашиот симс и желбата со кого би сакале да го романтично поврзете, како и листа од неколку ваши интереси. Штом завршите со тоа ќе почнете да листате низ потенцијални кандидати/ки. Штом најдете лице што ви се допаѓа, можете истото да го сејвнете и потоа да пробате да испланирате дејтот.

Хммм… нешто ни кажува дека работите нема да појдат на арно

Планирањето на романтичните состаноци е слично на креирање настани. Можете да организирате настан за да се подобро запознаете или пак да организирате состанок со посилни романтични ноти (кој вика романтични ноти?). Како и да е, секој состанок има одредени цели и награди. Целите се дефинираат според активностите кои ги одредувате за состанокот, кои, пак се поврзани со локацијата која ќе ја одберете за вашиот дејт.

Во пресрет на неизвесноста

Што се однесува до самите активности, потребно е да одберете најмалку три, а нивната листа се протега од различни форми на социјализација, преку пијалоци и храна, играње некоја игра или пак покажување одредена физичка интимност. Може да танцувате, да одите во теретана или пак романтично да ги набљудувате ѕвездите. Штом ги извршите активностите (се надеваме успешно), ги исполнувате целите и отклучувате дополнителни награди.

Прва тема на дискусија: тенкови!

Нема да лажеме, ни се допаднаа бројните можности за интеракција за време на состаноците, и, искрено, повеќе ни беше забавно кога симс ликовите се крајно некомпатибилни и ќе се таложи легија од црвени знаменца. Во тие ситуации, ни се допаднаа бројните можности за урнебесно смешни реакции и залагања да се извлече од дејтот по секоја цена. Во вистинскиот живот, меѓутоа, ова воопшто не ни се допаѓа.

Немаме среќа со нашиот дејт, карактеристично…

Направи го твојот чекор!

Во моментот кога ќе ја најдете вашата сродна душа и неколкуте состаноци ќе поминат во најдобар можен ред, ќе се отворат дополнителни можности за одржување и напредување на врската. На располагање имате бројни можности за суптилни и не-толку-суптилни интеракции помеѓу вљубените птички.

Како што забележавте од ова, Lovestruck не е експанзија која се посветува само на почетоците на една врска и, како што за некои оди се како подмачкано, за други врската може да ве доведе во ќорсокак и она што ви било слатко кај вашиот партнер да почне да ве излудува. Во тие ситуации, ќе пробате да ја репарирате врската преку организирање специјални дејтови кои се замислени да ја разгорат жарта (читај: флетрување, подароци и забавни игри за возрасни).

A sada idem što dalje od tebe…..

Љубовна кариера

Пред и да се осмелите да помислите на тоа, не, не мислиме на кариера во „таа“ индустрија. The Sims 4: Lovestruck ви дозволува да изградите кариера како консултант за романса. Доколку сакате да им помагате на останатите во потрагата по нивната подобра половина, ќе можете да работите како советник, да ги слѕшате нивните интереси, правилно да ги интерпретирате нивните чувста и потоа да им помогнете на правилен и исполнителен начин да ги удрат темелите на нивниот заеднички живот… за одредена цена, се разбира – целиот тој нов мебел за вашата нова куќа мора да се купи.

А, кога сме кај новите работи, Lovestruck го проширува каталогот од нови предмети за уште 188. Голем дел од предметите се замислени да го разубават вашиот дом така што ќе алудираат на ветување за преубаво романтично искуство. Па така, ќе наидете на интересни маси, столови и лампи, како и лулашки, цвеќиња и ред други работи. Паралелно со ова, ќе можете да си се подновите со 152 нови парчиња облека. Дел од нив се идеални за романтично состаноци или пак за тензични woohoo сесии.

Романтичен рај на земјата

Сосема очекувано, експанзијата The Sims 4: Lovestruck се одликува и со целосно нов свет. Наречен Ciudad Enamorada (вљубениот град, шпан. прев), светот е замислен како рај за сите романтичари, нудејќи пројни можности за поврзување и доживување моменти полни со страст. На располагање имате три соседства, секој од нив со интересен дизајн и со уникатни активности за извршување.

The Sims 4: Lovestruck e квалитетна експанзија полна со интересни содржини, механики и проширени можности за интеракција. Доколку се сметате за социјално животно и сакате да им пружите покомплексни романтични можности, тогаш ви препорачуваме да го проверите најновото проширување за The Sims 4!

Повеќе детали за играта

  • Произведува: Maxis
  • Издава: Electronic Arts
  • Жанр: симулација
  • Платформа: Microsoft Windows, конзоли
  • Излезе на: 25 јули 2024
Avatar photo
Напишано од

Мартин Јованчевски

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
3 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top