Предлог игри за забавен викенд: навлезете во комплексната RPG Zoria, Metroidvania инспирираната The Weird Dream, стратегијата Nuke Them All, психоделичното hack and slash лудило Death of a Wish, или акционата авантура Inspector Schmidt!

Полека, но сигурно, ни се прикрадува уште еден викенд. Слушнавме дека ќе е врнежливо и дека она што се препорачува е да си направите пијалак и да се изгубите во некоја од игрите кои ги внимателно одбравме за вас!

Zoria: Age of Shattering e квалитетна RPG игра во духот на Baldur’s Gate

Доколку конечно завршивте со Baldur’s Gate 3 и барате некоја слична игра со која би можеле да го започнете викендов, тогаш не барајте подалеку од најновото остварување на развојното студио Tiny Trinket Games!

Zoria: Age of Shattering е квалитетна RPG игра чиј гејмплеј е заснован на turn-based механики. Во огромниот свет на Zoria ќе водите тим од четири херои и ќе имплементирате офанзивни и дефанзивни тактики благодарение на уникатни способности.

Судбината на светот е во ваши раце!

Како тактичка RPG игра со голем фокус на истражување, во Zoria ќе навлегувате во визуелно-импресивни места како зашумени предели, мрачни пештери или пак огромни градови.

Подеднакво големо внимание се има посветено и на системот за битките каде што ќе можете да користите најразлични оружја, но и бројни магии за оштетување или успорување на непријателите.

Кога не истражувате и кога не се борите, ќе поминувате време во вашата база од операции, ќе отклучувате и уредувате нови делови, со што ќе можете и да решавате дополнители квестови.

Повеќе детали за играта

Death of a Wish e психоделично лудило во експлозија од бои

Death of a Wish е акциона RPG игра која ќе ги тестира вашите нерви со предизвикувачки souls инспирирани битки во невообичаени, минималистички, но преубави околини.

Под заканата на корумпираноста!

Играјќи со Кристијан ќе поминете низ лавиринт од лудило и ќе се борите со чудовишта кои како да се произлезени од најдлабоките ноќни мори.

Иако Death of a Wish има едноставен дизајн и анимации, константно ќе бидете бомбардирани од светкави напади кои се продукт на внимателно-реализирани комбо движења.

Покрај предизвикувачки непријатели, ќе мора да внимавате и на константната корупција која се заканува да ве превземе со секое понатамошно напредување.

Death of a Wish е една од најуникатните игри со кои се имаме дружено во последно време. Битките делуваат тешко, одмерено и одлично анимирано, со визуелен стил кој алудира на параноични, неконтролирани и ѕверски гребнатинки на табла.

Феноменална изведба и епско патување во мрачното подземје на езотеричните мистерии.

Повеќе детали за играта

  • Произведува: melessthanthree
  • Издава: Syndicate Atomic LLC.
  • Жанр: акција
  • Платформа: Microsoft Windows
  • Излезе на: 11 март 2024

The Weird Dream ни доаѓа од истиот издавач кој ја издаде популарната Astilibra Revision

Како големи фанови на ASTLIBRA Revision и содржителното DLC ASTLIBRA Gaiden: The Cave of Phantom Mist, посебно мило ни беше да видиме дека издавачот WhisperGames не седи со скрстени раце и има уште некој интересен наслов за гејмерите.

Oвојпат, од развојното студио Shanghai AmberDragon доаѓа подеднакво импресивна и Metroidvania-инспирирана игра. The Weird Dream ви дозволува да контролирате мистериозен зајак и да се соочите со бројни закани, водејќи сметка, притоа, за длабок систем од надградби.

Кога светлината ќе смени сѐ, а децата на илузијата ќе владејат со светот

The Weird Dream е игра полна со предизвици. Првиот предизвик е во поглед на приказната која, ни се чини, дека ја користи секоја можност за опсипување со неповрзан лор и контекстуални индиции.

Вториот предизвик се огледа во начинот на движење, преминување најразлични препреки и замки и успешно преминување од точка А до точка Б.

За крај, најголемиот предизвик е можеби кога битките ќе стапат на сила и кога ќе се јави силна потреба за имање брзи рефлекси и правилно темпирање на нападите.

Во The Weird Dream имате на располагање бројни способности кои ги користите за масовно уништување на над 40 босови. Доколку сакате игри со одлично реализирани елементи на флуидно движење, истражување и борење, тогаш не би требало да ја заобиколите оваа игра.

Повеќе детали за играта

  • Произведува: Shanghai AmberDragon
  • Издава: WhisperGames
  • Жанр: платформер
  • Платформа: Microsoft Windows
  • Излезе на: 10 март 2024

Nuke Them All е невообичаена стратегија која штотуку стана дел од раниот пристап на Steam

Nuke Them All e игра која ќе биде особено ценета од фановите на класични RTS игри. Нека не ве излаже симпатичниот шаренолик дизајн.

Играта на GameEraStudios крие запрепастувачко голема длабочина и бара од играчот константно размислување, како и имплементирање и менување стратегии на лице место.

Игра која влече инспирација од Command & Conquer: Red Alert, Generals, и Company of Heroes

Раниот пристап на Nuke Them All се одвива во најдобар ред и веќе има доста интересни работи на понуда.

Градите најразлични структури и отклучувате напредни оружја и технологии кои се замислени да ви помогнат во вашата вечна борба против вонземјани и зомби чудовишта.

Знамињата имаат клучна механика и што повеќе соберете толку побрзо е производството на вашите роботи и тенкови кои, подоцна, можете да ги надградувате и опремувате со подеструктивни можности.

Мапите се огромни, разнолики и полни со неисцрпни стратешки можности. Можете и да пробате да контролирате нуклеарен силос и да пробате да фрлите нуклеарка врз непријателската тврдина.

Паралелно со тоа, потребно е да внимавате и на времето затоа што во моментот кога ќе стане темно, ќе се појави дополнителна закана во форма на агресивни зомби чудовишта.

Играта веќе има реализирано запрепастувачка листа од можности и, како ни изгледа, не планира брзо да престане со воведување новитет.

Повеќе детали за играта

  • Произведува: GameEraStudios
  • Издава: GameEraStudios
  • Жанр: стратегија
  • Платформа: Microsoft Windows
  • Излезе на: 11 март 2024

Inspector Schmidt – A Bavarian Tale е RPG игра со детективски примеси

И како уште една игра која би можеле да проверите викендов, би сакале да ви го насочиме вниманието кон чедото на Active Fungus Studios.

Се работи за RPG игра чија приказна е сместена во Баварија во 1866 година.

Играјќи како Валентин Шмит ќе биде потребно да го користите вашето знаење од полето на медицината, да истражувате и да испрашувате селани, се со цел да се спречат понатамошните убиства.

Разговор, прикрадување, борење и истражување

Inspector Schmidt – A Bavarian Tale можеби нема да ве импресионира со крутите анимации, но она што го има релативно добро функционира и знае да го вовлече играчот во реалистично осмислениот свет од средината на 19-от век.

Низ десет-часовната кампања ќе можете да користите бројни вештини и да донесувате одлуки кои ќе допринесат до еден од 11 замислени краеви за играта.

Низ играта ќе можете да барате најразлични корисни траги и докази, да создавате најразлични работи, да решавате загатки, да се прикрадувате, па дури и борите.

Повеќе детали за играта

Но, ова не е се што подготвивме за вас!

Неделава, посветивме посебно внимание и на други подеднакво импресивни наслови, игри како:

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments