Archetype Arcadia излезе и за PlayStation и Switch

Верувале или не, Archetype Arcadia е игра која излезе за PC во јануари 2022 година и има само две рецензии на Steam. Ова е навистина чудно, првенствено затоа што се работи за исклучително квалитетна приказна, комплексни ликови и впечатлива визуелна презентација. Archetype Arcadia е квалитетна визуелна новела и како е можно да се има провлечено под радарот на толку многу љубители на овој жанр навистина не ни е јасно. Од неодамна, играта излезе и за конзолите; попрецизно за PS4/ PS5, и Nintendo Switch.

Игра во игра

Archetype Arcadia е постапокалиптична, односно научно-фантастична визуелна новела која обработува трауматични и насилни настани имспреплетени во комплексни човечки односи и политички интриги. Поради мистериозна и смртоносна болест, човештвото е на работ на истребување и судбината е во рацете на Раст и неговата сестра. Нивната задача е да го истражуваат суровиот пустош околу нив и да пронајдат преживеани.

Симптомите на болеста Peccatomania се крајно сурови и го доведуваат пациентот до работ на лудилото, пласирајќи најразлични илузии и неконтолирано поттикнување за само-повредување. Единствен начин за контролирање на оваа болест е со поминување време во виртуелната игра која се вика Archetype Arcadia.

Раст не сака да има ништо со играта, но откако неговата сестра ќе покаже загрижувачки симптоми, тој ќе биде принуден да навлезе во играта и очајно да бара лек кој би можел да ѝ помогне. Низ ваквата долга, макотрпна и навидум безуспешна потрага, на Раст ќе му се отвори преубав и невообичаен свет полн со мистерија.

Назаборавно патешествие

50 часовната приказна не потфрлува во ниеден поглед и е внимателно напишана. Со исклучително квалитетна глума и преку одлична визуелна презентација, Archetype Arcadia лесно се трансформира во неверојатно патување константно бомбардирано од богат спектар од емоции. За дополнителна нелинеарност и зголемена тензија, во одредени клучни моменти донесувате одлуки кои значително ја менуваат приказната и создаваат можности за поголема вредност на преигрување.

Во случај да сте фанови на визуелни новели, Archetype Arcadia се чини како игра која би требало да ја проверите, особено на PS5. Пред голем екран и од удобноста на вашиот кауч, ова е игра низ која претпоставуваме дека би поминале со огромно задоволство. Барем, така беше случајот со нас.

Повеќе детали за играта

  • Произведува: Water Phoenix
  • Издава: KEMCO
  • Жанр: Визуелна новела
  • Платформа: Microsoft Windows, PS4/5, Switch
  • Излезена на: 24 октомври 2023

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk